Запознајте го Дејан Михајловски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец август 2022.
Име и презиме: Дејан Михајловски
По професија: Новинар
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Поради тоа што дава одлична можност за константно учење нешто ново. Динамична професија, која дава широки можности за креативност и спроведување на голем број идеи на дело.
Што те мотивира постојано да учиш: Мислам дека тоа е вродена желба за константен натпревар самиот со себе, односно желба секој нов ден да бидам подобар и поуспешен од претходниот. Лекција која уште подобро ја научив на трките на 21 километар. На секоја трка се трудам да бидам побрз од претходната.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Ако продуктот е бесплатен, тогаш вие сте продукт!
Омилен модул и зошто: Тешко е да се одбере модул бидејќи секој е посебен, со своја убавина и карактеристика која буди сè поголема заинтересираност. Можеби тука би издвоил модул на кој ми беше полесно од старт поради претходните познавања на WordPress, па би рекол дека побрзо се снајдов со Lead Generation и Lead Gen Workshop, но во секој модул се трудам да го извадам максимумот од себе.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можел да издвојам никого бидејќи сите се врвни професионалци и одлични ментори од кои може да се научат многу интересни лекции во областите во кои се стручни. Сите на свој начин допреа до нас и оставија трага со своите предавања. Дури и не би можел да ги рангирам. Сите се одлични!
За 5 години сакам да бидам: Маркетер кој зад себе ќе има пет години успешна кариера со можност за уште поголем напредок во областа.
Хоби: Tрчање. Повеќе од 5 години сум активен на кејот на Вардар и на трките со истрчани 15 официјални полумаратони, па ова хоби преминува и во редовна активност – четири до петпати неделно.
Омилена книга: Кумулативен ефект – Дарен Харди
Омилен цитат: „Размислувај како шахист, реализирај како спринтер!“
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!