Запознај ја Ана Диневска  – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за август 2024.  

Мојата позадина е…

Јас сум студент на Економскиот факултет – Скопје на департманот е-бизнис, младински сум активна и сум член на УСС УКИМ. Ме интересираат маркетингот, претприемништвото, психологијата и сѐ што е креативно и возбудливо, со кое можам да бидам подобра за себе и околината.

Областа ја избрав затоа што…

Уште од мала, мои јаки страни беа креативноста, амбициозноста и вештината добро да препознавам и анализирам можности. Маркетингот беше спој на се што ме интересира. Едноставно додека изучувам и работам чувствувам мотивираност и исполнетост.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Покрај многу нови вештини и знаења, би кажала дека многу ми значат стратегиските совети и моменти кои сме ги анализирале бидејќи маркетингот е многу повеќе од креативност. Маркетингот бара многу длабоки анализи, познавање на публиката и нејзината психологија.

Најгорда сум на…

На групниот проект за маркетинг стратегија за клиент. Најпрво заради добрата усогласеност и вербата во тимот, а потоа и од резултатот.

Мојот омилен модул е…

На почеток сум на самата академија, но би рекла бонус модулот за Growth marketing бидејќи е доста интересен и бара размислување надвор од кутијата.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Сите инструктори се одлични, а имаме и уште доста од нив да запознаеме така што само би им кажала на сите големо благодарам што ми одговараат на сите прашања.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Ми има помогнато да научам многу нови алатки, да запознаам супер личности како и да сфатам кои делови од маркетингот најмногу ме интересираат.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Би ги посоветувала да прашуваат многу прашања и надвор од материјалот затоа што така се учи повеќе, да учат посветено, да истражуваат и да се вмрежуваат.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за дигитален маркетинг!


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 29€ месечно!