Деспина Спировска е алумни од нашата Академија за Дигитален маркетинг. Таа беше еден од најдобрите студенти што покажа ентузијазам, иницијатива и најде начин да биде инволвирана во сите активности на академијата, што ја доведе до целосна промена на кариерата и вработување како дигитален маркетер во компанијата ВидиВака.
Прочитајте што ни сподели таа за нејзиното ново работно место и искуството од Академијата.
Деспина, најпрво честитки за успешно завршениот тимски проект и новата работна позиција во ВидиВака🙂 За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?
Ти благодарам за честитката. Најпрво да се претставам, јас сум Деспина од Скопје. По професија сум музичар, оперски пејач. Љубовта кон пеењето, сцената и клавирот ја препознав од дете. Музиката е таа што ме дефинира. Имам магистрирано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек соло пеење.
Како се појави желбата за промена на кариера од оперска пејачка и музичка кариера, до дигитален маркетинг?
Пандемија ме поттикна и ме мотивира да ја направам промената. Концертните сали насекаде беа затворени, а и многу од професииите се здобија со резултати од неможност за функционирање и работење. Рeшив да се прилагодам на ситуацијата и да го извадам максимумот од себе овој период.
За време на пандемијата разгледував светски практитки како класичната музика се прилагодува на дигитализација и на новото нормално и при тоа разгледување дојдов до некои свои идеи кои имам план да ги реализирам, а со цел да можам самата да ги промовирам, одлучив да се запишам на Акдемијата за дигитален маркетинг. Одлуката ме доведе до море од нови можности и зајaкнувaње на моите креативни дигитални вештини кои што сум сигурна дека ќе резултираат со развој на дигитални решенија во полето на музиката во иднина, но и додавање на уште едно поле на интерес во моето професионално протфолио.
Познато е дека програмата на Академијата е супер интензивна, но дали реално очекуваше толку брз напредок во дигиталниот маркетинг имајќи предвид дека немаше претходно искуство?
Предавањата се водени од врвни инструктори, а програмата е одлично организирана. Опуштената атмосфера во која се пренесуваа многу знаења и исукства. Наставата е динамична и практична и ми даде вештини со кои успешно се интегрирав во светот на маркетингот, а денес после 6 месеци благодарение на тоа знаење и искуство сум дел од маркетинг тимот во Види Вака.
Како ти е на новата работа позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа? Како изгледа еден твој работен ден?
Задоволство е да се работи во Види Вака. Со работа започнувам прилично рано, го пијам првото кафе ги прегледувам маил пораките и се кординирам за престојните задачи со новинарите околу објaвите на социјалните медиуми кои се филтрираат неколку пати пред да се објават. Моментално работиме на ребрендирање на брендот, а со таа цел и овој период правевме истражувања за тоа што би сакале да постигнеме и кои се нашите цели во иднина. Тимот е составен од одлични професионалци кои се отворени за работа и комуникација па така сите заедно тимски ја градиме работата и создаваме приказни кои вредат. Ја имам слободата за придонес и во темите кои ги обработуваме, многу честа тема за обработка е културата, а тоа ме радува и мотивира. Како маркетинг тим сме нови во Види Вака, но сме одлична екипа мотивирани и креативни со желба за нови освежувања и успеси кои следат.
Работата на реален проект е директно преточување на теоретските знаења. Со искуството од практичната работа на проектот OurMind, колку се чувствуваш спремна да одговориш на новите предизвици што ќе ги имаш како дигитален маркетер во ВидиВака?
Проектот со Оur Mind би го издвоила како најубавото искуство на оваа академија. Заедно со тимот успеавме да изградиме бренд за кој може гордо да кажеме дека стоиме позади него. Целиот тој процес на реална работа ме мотивира да вложам уште повеќе во себе и во своето знаење, но и заедничкото надградување како маркетери со овој тим ја зацврсти целосната слика. Шансата да ги прикажам своите знаења ми потврди колку сум научила од оваа академија и дефинитивно придонесе за мојот професионален старт.
Според тебе што е потребно за успешно да се совладаат предизвиците што произлегуваат на оваа академија?
Мене лично најмногу ми помогнаа практичните задачи кои беа дел од секој модул, а тука следат и проектите и хакатонот кои беа организирани од страна на Браинстер.
Како динамична и креативна личност сакам да осознавам нови работи па затоа доста често читам и постојано сум во тек со новитетите, а во маркетингот тоа е многу важно бидејќи тука секојдневно работите се менуваат и мора да си во чекор со промените. Тоа многу ми помага за како да размислувам, а така се раѓаат и новите идеи и креации.
За крај, што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Никогаш не е доцна за нови знаења и вештини. Напротив секоја промена носи нови резултати. Доколку сте посветени и вредни во она што сте го одбрале, успехот е загарантиран.
Ps. Сега е вистинско време за тоа! 😊
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!