Ања Трајкова е алумни од Академијата за дигитален маркетинг и една од студентите кои покажаа најдобри перформанси во текот на предавањата. Иако Ања ни доаѓа од Филолошкиот факултет и нејзината специјалност се јазиците, таа покажа исклучителна мотивација и желба за учење на дигитален маркетинг која на крајот е финализирана со вработување.
Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, Ања се вработи part-time во компанијата Dillali, а сега нејзиното ново работно место е компанијата Coordea.
Во продолжение си поразговаравме со Ања за нејзиниот кариерен пат и студентските денови
За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, која е Ања?
Ања е еден спој на тотални спротивности. Сакам да поминувам време со друштво, но ми треба и време за себе. Сакам предизвици и мистерија, но во исто време сум многу искрена личност која се држи до реалноста. Па, затоа сум многу open minded и може да ме најдете на секакви места. Имам 30 години и сум родена и живеам во Скопје. Од неодамна можам да се претставам и како дигитален маркетер.
Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?
Можам да кажам, најмногу поради динамичноста и можноста за постојано надградување. Имам дипломирано на Филолошкиот факултет во Скопје, отсек преведување и толкување, и иако работното искуство ми било секогаш донекаде поврзано со јазиците, се чувствував некако изгубено за што понатака. Потоа, почнав да слушам за успешните приказни на студентите од Brainster насекаде околу мене, и тоа ми даде храброст да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг.
Веднаш по завршувањето на Академјата започна part-time да работиш во компанијата Dillali, која е со седиште во Естонија. Кои се твоите работни обврски и какво е чувството да соработуваш со луѓе од целиот свет?
Супер. Многу предизвикувачки, бидејќи таргет публиката е Африка, а луѓето со кои работам се од тотално различни страни во светот – Индија, Карибите, Нигерија и Естонија. Интересен спој на култури и знаења. Моите работни обврски се најмногу поврзани со Content writing, LinkedIn Leads и Social Media.
Малку подоцна се вработи во Coordea. Честитки за твоите успеси изминатиот период! Како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?
Ви благодарам за честитките. Иако сум доста на почеток, можам да кажам дека ми е супер интересно и супер предизвикувачки особено зошто се работи за B2B маркетинг во многу специфична област, за која јас немам претходно познавање. Сѐ уште ми е ново, па пробувам да се адаптирам најдобро што можам. Моите обврски во моментов се раководење и планирање на социјалните медиуми, па следно е e-mail маркетинг. Имам доста работи за учење и со мерак го започнувам секој работен ден.
Познато е дека програмата на Академијата е супер интензивна, но дали реално очекуваше толку брз напредок во дигиталниот маркетинг имајќи предвид дека немаше претходно искуство?
Да бидам искрена, не очекував. Сега кога ќе размислам, не бев свесна во што се впуштам. 🙂 Ниту пак кои сѐ работи влегуваат под описот на дигитален маркетинг. Ова е толку опширна област, еден цел нов свет. Бев преплашена од толку голема промена, па често пати се прашував дали ова е тоа. Но, како што поминуваше времето, со секој нареден модул бев повеќе самоуверена, и нормално поддршката од инструктурите е таа што ме мотивираше до самиот крај.
Според тебе, што е потребно за успешно да се совладаат предизвиците кои произлегуваат од оваа Академија?
Упорност, напорна работа и желба за напредок. Секоја работа бара посветеност и дисциплина, па така и тука. Мене најмногу ми помогнаа практичните задачи, реални проекти и хакатонот. Тоа беше еден тренинг, шанса да го споделиш твоето размислување и да го покажеш своето знаење, односно сѐ што си поминал на часовите да го примениш во пракса.
Најбитна лекција што ја научи на Академијата?
Научив дека за сѐ треба време. Ништо не се случува преку ноќ. Дека анализата на податоци е едно многу моќно оружје. Научив многу лекции, кои покрај во дигиталниот маркетинг како професија, ќе продолжам да ги применувам и како човек.
Омилена книга?
Па, еве првата на која помислив сега е „Терапија“ од Себастијан Фицех. Психолошки трилер што е неизвесен до самиот крај. Сакам книги кои те поттикнуваат да размислуваш и да обрнуваш внимание на малите работи кои навидум може да изгледаат сосема незначајни.
За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?
Никогаш не е доцна за промена. Без разлика на годините, знаењето или областа во која се наоѓате во моментов. Најважна е само желбата и упорноста. Силно ги охрабрувам сите кои се барем малку заинтересирани да се пробаат, тимот на Brainster е повеќе од спремен, а секогаш кога инвестираш во своето знаење, резултатот е неизбежен. Win win 😀
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа