Кој не почитува добар дизајн? Уште ако е генијално дизајнирано лого, не можеме да останеме рамнодушни. Пред почетокот на Академијата за дизајн , решивме да ви споделиме неколку од Дани Јанев, нашиот инструктор. Тешко би ги избегнал ако ги сретнеш!
Уште кога почнавме да ги разгледуваме сите 70+ логоа на Dribble што Дани ги има изработено, сфативме дека имаме тешка работа пред нас. Добро лого значи да го разбереш на прв поглед, без премногу заобиколување. Пораката за брендот да биде јасна и секако, да успее да те поврзе со него. Ова се нашите 5 фаворити!
1. QBox
Идејата е да се разбере без да треба да се употреби наслов или збор. Секоја геометриска форма е всушност буква. QBox го комбинира стариот начин на складирање со нов дигитален начин, односно cloud.
2. R gument
Претставува првичен нацрт на лого, за нова платформа за дебата. R gument, get it? Генијално решение кога станува збор за паметно искористување на просторот, особено за овој тип на категорија. Повеќето логоа за дебатни клубови и платформи се поврзуваат со микрофон симбол, но не и ова.
3. Bike App
Два збора, simple & clean. Формата е едноставна и веднаш не асоцира на велосипед! Доколку се користи за принт, одлична варијанта е да има црна и бела верзија. Кога би биле апликација за велосипедизам и се поврзано со тоа, ова би било нашето лого!
4. Koning
‘Koning’ всушност е холандски симбол за ‘Крал’. Минималистички дизајн, што остава впечаток. А можеби и дека боите не потсеќаат на Brainster ?
5. Логото на Дани Јанев
Last, but not least. Правило број еден, не можеш да креираш луди логоа, дизајни и илустрации ако твојот личен печат не направи потенцијалните клиенти да си речат wow! Првичната варијанта на ова лого се плави букви, така што ова е smooth верзија на него.
Доколку работата на Дани навистина те инспирираше, се гледаме на Академијата за дизајн.