Маркетингот и продажбата денес треба да бидат фокусирани единствено на потенцијалниот купувач – што тој сака, што му треба и кога е спремен да го добие тоа. На некој начин треба да развиете шесто сетило за подобро да го разберете нивниот говор на телото.
„Говор на телото се сите движења и позиции на телото кои ни ги покажуваат мислите и чувствата на една личност“. Гестови, држење на телото, тикови, изрази на лицето, секој говор на телото е уникатен и кажува многу за купувачот. Заради тоа, традиционалните „од врата на врата“ продавачи отсекогаш знаеле како да го користат за да направат продажба.
Замислете дека сте продавач во физичка продавница и имате интеракција со клиентите лице в лице. Доколку сте способни да го разберете нивниот говор на телото , значи дека знаете што тие размислуваат, дали се среќни или не, и дали им треба повеќе убедување за да купат од вас.
Сега замислете дека имате онлајн продавница за производ или услуга што сакате да ја продадете. Дали знаете за што вашите потенцијални корисници размислуваат?
Да, можеби ја имате изгубено способноста да го прочитате нивниот физички говор на телото и да ја проспособите пораката, тонот на гласот и пристапот за тоа како да им продадете. Но, дали сте навистина слепи за нивниот говор на телото? Не сосема. Со користење на „big data” и правилните алатки, и со посветување на внимание на вистинските работи вие може да разберете што точно сакаат и им треба на вашите потенцијални клиенти.
Денес ова е познато како „дигитален говор на телото“.
• Што точно престваува дигиталниот говор на телото?
Дигитален говор на телото е концепт кој е првично популаризиран од страна на Steve Woods и Paul Teshima, двајца од ко-основачите на Eloqua и Nudge Sowtware.
Дигитален говор на телото е сè што вашите проспекти прават онлајн, сума на сите дигитални активности на корисникот на вашата веб страна и на социјалните медиуми: посети, кликови, форми, регистрации.
Мислете на тоа како на нивниот виртуелен израз на лицето или држење на телото. Клиентите можеби се способни да се скријат позади нивните монитори и мобилни телефони, но нивните активности онлајн откриваат многу клучни информации за нивните интереси и чувства.
Концептот на имплементирање на дигитален говор на телото е уметност и наука за преведување на податоците од интернет, слушање на сигналите кои потенцијалните купувачи ги даваат, кои покажуваат на тоа што тие сакаат и кога се спремни да „дигнат два прста“.
• 10- те клучни индикатори на дигиталниот говор на телото
Убавината на овој концепт е тоа што, за разлика од обидот да се прочита и разбере физичкиот говор на телото на купувачот (процес кој е високо субјективен), дигиталниот говор на телото може да биде објективно измерен користејќи база на податоци.
За ефективно да го прочитате дигиталниот говор на телото на вашиот потенцијален корисник треба да се осигурате дека ги имате вистинските индикатори. Следува листа на десет од нив кои ќе ви помогнат да читате меѓу кликовите:
• Извор на лидови
• Процент на отворени e-mail
• Број на пополнети форми
• Посети на вашата веб страна
• Посети на лендинг страни
• E-mail автоматизација
• Сегментација на листи
• Конверзии
• Кликови на социјални медиуми
• Lead scoring
• Најважно е како да и пријдете на анализата
Магијата на разбирање што вашите потенцијални корисници чувствуваат не е магија, иако после правилнтата оптимизација може да се чувствувате како да е. Сè се сведува на тоа како ја читате базата на податоци. Повеќето алатки за анализа се одлични, сите знаеме за чудата кои ги прават за маркетерите.
Но, проблемот на овие алатки е тоа што тие покажуваат што корисникот прави, но освен ако не ги снимате сесиите на видео, тие не успеваат во реално време да ви покажат зошто корисникот го прави тоа што го прави на вашата веб страна.
За да откриете зошто потенцијалниот корисник не станал ваш купувач, може да поминете низ долг процес на А/Б тестирање.
• Клучот е да се потпрете на податоците во реално време
За да вистински ги искористите бенефитите од разбирање на дигиталниот говор на телото на вашите купувачи, мора фундаментално да го промените пристапот на анализа на податоците.
Да, со поминување на долг процес на А/Б тестирање учите многу и полека ја претварате вашата веб страна во машина за конверзија. Но, во меѓувреме губите илјадници посетители кои завршиле на помалку успешната верзија на вашата А/Б страна.
Вистинскиот начин да го извдете ова правилно е да анализирате и реагирате во реално време. Како да го направите ова? Дозволете им на вашите корисници да дефинираат сет на однесувања онлајн, а вие оптимизирајте ја правилната реакција за тие однесувања.
За да успеат, паметните бизниси веќе се адаптираат и разбираат дека иднината е во концептот на дигитален говор на телото.
Затоа бидете паметни!