„Академијата комбинирана со искуството кое што го стекнувам на работното место ми е одлична почетна точка за понатамошните предизвици во кариерата.“ Тиана веќе по вториот месец од Академијата за дигитален маркетинг, ја започна својата кариера во Data Masters.
Уписите се во тек. Види програма тука.
Здраво Тиана, што те носи кај нас? 🙂
На Aкадемијава дојдов бидејќи нуди супер практичен приказ на работа која мене лично ми се допаѓа. Опфаќа доста различни компоненти, во стилот на графички дизајн, аналитика, истражување, односно самиот работен опис нуди дијаметрално различни одлики во кои секој човек може да се пронајде.
Како стигна до твојата нова работа во Data Masters? На што работиш во моментов?
Пред сѐ ме фасцинираше односот кој што Brainster го има со компаниите со кои соработува. Постои обострана доверба во квалитет па затоа доволна беше препорака за да добијам интервју и истото да премине во понуда за работа. Во моментов работиме на маркетинг стратегијата бидејќи сме стартап. Активно сум вклучена во сите детали и на дневна основа учам многу работи. Верувам дека Академијата комбинирана со искуството кое што го стекнувам ќе ми биде одлична основа за понатамошните предизвици во кариерата.
Како го применуваш до сега стекнатото знаење на Академијата?
Бидејќи паралелно со Aкадемијата се вработив, имам прилика сите алатки кои ни се предадени да ги употребам за потребите на работното местo, но во исто време и на работното место стекнувам почетно знаење за информатика, нешто што исто така ме интересира. Па, кој знае каде ќе ме однесе патот во иднина! :))
Преземање ризици со цел остварување на соништата? Како изгледа идеалната работа во дигиталниот свет во твоите очи?
Идеална работа е онаа која ти дозволува да се испробаш на разни полиња пред да се одлучиш за едно. Драго ми е што во моментов имам шанса да дознаам во што сум добра, и што сакам да правам на дневна база. А во исто време и да правам нешто што е интересно.
Кој е најголемиот предизвик пред тебе во моментов?
Реалноста на празниците, бидејќи се уште ја немам слушнато All I want for Christmas is you. 🙂
Уписите се во тек. Види програма тука.