Емил и Андреј од Sky Blue Media: Инвестирајте во дигитален маркетинг

„Потребата од квалитетни дигитални маркетери расте експоненцијално. Затоа дел од нашиот тим реши да се доусоврши во областа на дигиталниот маркетинг со помош на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.“ 

Уписите се во тек. Види програма тука.

Поразговаравме со Андреј Рудовски и Емил Ефтимов, сопственици на  SkyBlueMedia,  дигитална маркетинг агенција. Колку време постоите? На какви сѐ проекти работите до сега?

SkyBlueMedia постои од 2013 година. Зад нас имаме голем број успешни проекти. Имаме работено на различни интернет маркетинг кампањи на социјалните медиуми, за клиенти од различни бизнис сфери – изработка на веб страни, организирање наградни игри и други останати краткорочни проекти. Тука би ги издвоиле креирањето и водењето на сопствена веб страна sezadeca.mk која беше најпосетуван детски/родителски портал. Потоа, подршка во развојот, едукација и барање клиенти за македонски проект таканаречен webpool (Дигитална огласувачка мрежа во која се вклучени повеќе од 20 Македонски веб страни од различни категории).
Моментално го менуваме бизнис моделот и се насочуваме само кон дигиталниот маркетинг.

Дигиталниот маркетинг е во постојана експанзија последнава година. Што мислите колкава е потребата од дигитални маркетери? Од друга страна, колку е навлезена дигитализацијата на нашиот пазар?

Дигиталниот маркетинг се развива со неверојатна брзина, така што потребата од квалитетни дигитални маркетери ќе расте експоненцијално. Затоа дел од нашот тим реши да се доусоврши во областа на дигиталниот маркетинг со помош на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. До сега сме презадоволни од програмата и начинот на презентирање, а исто така и од укажаните маркетинг “трикови“ кои со нетрпение чекаме да ги искористиме.

Сметаме дека повеќето македонски компании сѐ уште недоволно ја разбираат потребата и важноста на дигитализацијата. Иако голем број наши компании до некој степен се дигитализирани, голем дел од работите не ги применуваат на правилен начин со што би извлекле повисоки резултати. Сепак, постојат компании коишто доста добро ја имаат имплементирано дигитализацијата и треба да им претставуваат пример на другите.

Фокусот ви е ставен на Search Engine Optimization. Од вашето искуство, колку во Македонија се посветува внимание на бенефитите кои SEO ни ги нуди?

На кратко, SEO претставува оптимизирање на веб страната со цел таа да биде повисоко рангирана при нејзино пребарување на Google Search Engine-от. Наша примарна цел е да успееме SEO-то, како многу важен сегмент на дигиталниот маркетинг да го врежеме во свеста на нашиот пазар. Од досегашното искуство, утврдивме дека голем дел од маркетинг секторите ја препознаваат важноста на овој сегмент, но с  ѐ уште во целост не се убедени за негово имплементирање. Поради тоа, во моментов сме во процес на започнување на обуки за сите компании заинтересирани за SEO. Компаниите коишто редовоно би ја импплементирале оваа оптимизација, со сигурност би успеале да избијат пред својата конкуренција а со тоа и би го зголемиле својот профит.

Дали малите локални бизниси имаат потреба од дигитален маркетинг?

Дефинитивно. Предностите коишто дигиталниот маркетинг ги нуди се неограничени и навистина вреди да се инвестира во нив, особено во оваа дигитална ера.

Значи, без разлика дали се работи за мал, среден или голем бизнис, потребно е тој да поседува веб страница. Откако ќе се креира веб страната, за таа да почне да привлекува потенцијални клиенти потребно е имплементирање на разни дигитални маркетинг стратегии. Најчесто тие стратегии се применуваат преку: маркетинг на социјални мрежи, е-мејл маркетинг, оптимизација на веб сајтот, маркетинг на интернет пребарувачите и други.

Кратко кажано, бизнисите кои ќе почнат правилно да го имплементираат со сигурност ќе се искачат пред конкурентите.

 

 

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука. 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА