Александра е дигитален маркетер, излезенa од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Последно, беше дел и од курсот за SEO. Запознај ја Александра преку неколку кратки прашања и прочитај како си помина:)

Види ја програмата за новиот напреден курс за SEO тука.

 

1. Здраво Александра! Кажи ни нешто повеќе за тебе!

Здраво! Се викам Александра, по професија лингвист, но од пред година дена и дигитален маркетер од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Самиот термин дигитален маркетинг е широк поим кој се темели на маркетинг преку онлајн канали. Јас често ги користам социјалните мрежи за да истражам кој термин е најбаран, што е модерно, како и да откријам некој нов трик што ќе ми помогне со работата. Како некој што нема големо познавање за WordPress и Cascading style sheets на моето чудење кон овие поими и “пајачето” на Google немаше крај и тука дојде Билјана Димовска. 🙂

2. Беше дел од курсот за SEO со Билјана Димовска. Што научи од оваа област, што претходно не го знаеше и зошто баш SEO?

За Билјана слушнав од Brainster, а и самиот факт што таа го работи ова веќе 10 години беше доволен за да се запишам на курсот. Сите прашања одговарани со гооолемо трпение и стручност! Од Билјана научив: контент, дизајн, почетнички html, keywords, back links, стратегија и маркетинг.

3. Според тебе, колку маркетерите во Македонија имаат познавања од оваа област?

Кај нас сѐ уште голем дел од луѓето што бараат SEO немаат знаење за истото и мислат дека може да се склопи за месец и да заштедат пари на тоа. 🙂 До нас е да ја кренеме свеста на друго ниво и да укажеме дека quality > quantity.

4. Како ќе ти користи SEO лично на тебе? Се гледаме на напреден курс за SEO!

SEO ќе го користам не само за да добијам гужва на сајтот, туку таргетирана и релевантна гужва. 🙂 Се гледаме!

 

Новата програма за овој курс можеш да ја разгледаш тука.

Related Stories For You