Во дигиталното царство достапни се сите канали, и носат резултати сè додека нема премногу гужва. За среќа во Македонија рекламирањето на Google е во мали размери, па има простор за побрзите! 

Дарјан Раденковиќ е специјалист за рекламирање преку Google, и го држи новиот Курсот за Google рекламирање. 

 

Дарјан долго време си инструктор во Brainster. Што ќе им кажеш на оние кои се уште не те знаат?

Дипломирав книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. При крајот на студиите се соочив дека факултетот кој го избрав не нуди многу опции за идна кариера во државава. Затоа се одлучив за доусовршување кое ќе ми отвори поголеми можности и се запишав на постдипломски студии од областа на Комуникациите и медиумите. Студиите беа квалитетни, професорите одлични, па по магистрирањето веќе имав избор. Првото вработување ми беше на Факултетот за комуникации и медиуми, како асистент.

Моето следно работно место беше во Winner Осигурување, како лице задолжено за Комуникации и односи со јавност. Ми помогна да донесам одлука да го променам фокусот од академската надоградба кон целосна посветеност на практична работа. Работејќи во голема корпоративна средина имав шанса да го работам она за што учев и што го сакав. Со успешните резултати на Winner, се зголемуваше обемот на работа и тимот, па го имав тоа задоволство да го водам секторот за маркетинг и да ја работам работата што ја сакам на највисоко професионално ниво.

Сепак, кога еднаш ќе ѕирнете низ вратите што водат кон кралството на дигиталниот маркетинг, тешко е да одолеете на тој пат и предизвик. Па така, еве ме сега во New Media MK, агенција за дигитален маркетинг, каде сум задолжен за performance маркетинг отсекот и другарувам со Google Analytics и Google Ads.

 

Што е тоа што најмногу те привлече кон дигиталниот маркетинг?

Две работи. Мерливоста на резултатите од сите активности и неограничените можности за таргетирање. Првата е исклучително важна бидејќи дава јасна слика за ефектите од она што го работите во реално време и не остава простор за манипулација со нив. Истовремено, не ви дозволува да се опуштите и да ги правите работите половично, маскирајќи ги резултатите со креативни вербални или текстуални описи. Втората е поврзана со неверојатната можност што ја нудат алатките како Google Ads да и пристапите на посакуваната публика, без разлика на нејзината природа. Тоа ве мотивира да пронаоѓате нови и креативни стратегии на таргетирање и ве држи во состојба на постојана возбуда, посебно што алатките за мерење како Google Analytics во реално време ви ги покажуваат ефектите на вашиот труд. Нема подобро чувство кога ќе видите дека вашата камапања погаѓа токму таму каде што треба.

Кој е најефективниот начин за стекнување нови вештини за напредок во кариерата?

Љубопитноста и љубовта кон вештината. Кога нешто ќе побуди вистински интерес кај вас, времето за совладување е покусо, а посветеноста за учење многу поголема. Некогаш мора да учиме и нешто што не не привлекува за подобри предуслови за кариерен развој. Но и тогаш постои патека на учење која ќе одговара на вашиот темперамент. Колку и да е интернетот богат со ресурси за учење, битно е некој да ти одговори на твоето прашање додека е уште „вруќо“. Видеото можеш да го паузираш, па ќе ти треба време да го пронајдеш одговорот некаде на друго место а тоа може да те дефокусира. Треба во приказната да постои и некаков ментор и тоа со практично искуство, макар и во форма на онлајн заедница.

Како учиш нови вештини?

На интернет и на специјализирани конференции и обуки. Има многу ресурси, а највредни се специјализираните блогови и онлајн групите и форумите. Многу е битно да добиеш увид од некој кој го поминал патот по кој треба да одиш и ти ги даде клучните насоки. Тоа заштедува многу време.
Можете да потрошите многу време на интернет со информации на кои не може да им ја одредите релевантноста и актуелноста. На обуките тој проблем не постои. Секогаш ќе ги чуете најновите трендови, а можеби најважно од сè е што ќе стекнете познаства со луѓе од областа. Контактите со предавачите ќе ви овозможат да имате секогаш некој на кој ќе може да му се обратите за помош. Контактите со луѓето кои се обучуваат во вашата област ќе ви помогне заедно да растете, а често и да почнете да работите на зеднички проект.

Што ќе научиме на курсот за Google рекламирање? Кому го препорачуваш?

Најголемиот дел од нашето онлајн присуство денес е предусловено од сервисите на Google. Од пребарувањето, преку мејлот, навигацијата, слушањето музика и гледањето видеа, симнувањето апликации до анализата на сообраќајот на нашите веб страници. Сите овие сервиси, покрај тоа што се супериорни се и бесплатни. За возврат на бесплатното користење, Google има пристап до најголемата база на податоци за интернет навиките на корисниците и тоа му дава можност да го создаде најсовршениот систем за рекламирање. Тој систем му носи на Google 90% од вкупните приходи, кои на годишно ниво изнесуваат 90 милијарди долари. Успехот се базира на фактот што на корисниците кои се рекламираат со негова помош им носи одлични резултати кои се мерливи. Ќе научиме како ефикасно да го користиме системот за рекламирање на Google и полесно и поевтино да дојдеме до посакуваната целна група. Учесниците ќе се стекнат со вештина која ќе им даде сериозна конкурентска предност и на пазарот на труд.
Во последно време има сè повеќе огласи за работа во областа на дигиталниот маркетинг. Вештините кои ќе ги стекнат учесниците се важни за сите кои се во потрага по кариера како маркетeри. Употребата на Google Ads платформата на Google од македонските компании е мала. Овој курс го препорачувам и за сите вработени во маркетинг одделенијата на компаниите и за оние кои работат свој бизнис. Рекламирањето на Google е неизоставен дел на секој маркетинг план.

Кои карактеристики мора да ги поседуваат оние кои сакаат успешно да го завршат курсот?

Платформата за рекламирање на Google е направена така што не постојат посебни предуслови или технички предзнаења за нејзино користење. Речиси и да не постои област за која познавањето на Google Ads платформата нема да биде од корист. Доволно е учесниците да се љубопитни да дознаат како оваа бесплатна алатка може да им помогне да ги реализираат своите идеи. А ние ќе се погрижиме таа љубопитност да ја одржиме во текот на целиот курс, но и по неговото завршување ☺.

Број 1 совет за успешна кариера?: )

Најголемиот капитал што можете да го создадете е вашето знаење. Фокусирајте се на развивање на овој капитал, а другите форми на капитал ќе дојдат сами.

kurs za google ads skopje

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫