„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Стартап алатка на денот #2 Sway
Sway претставува една од последните новини кои Microsoft ги има воведено, и судејки по изгледот, доста е импресивна. Позиционирана како апликација која што Ви овозможува да изградите и споделите еден полиран и интерактивен веб базиран канвас на вашата работа, многумина ја сметаат за полесна верзија од PowerPoint. Но е далеку од тоа… Sway претставува одличен начин за прикажување на слики, но не е традиционална алатка за фото албуми. Ниту пак претставува алатка за градење на апликации иако крајниот резултат е нешто помеѓу апликација, веб сајт и дигитален магазин. Па што тогаш всушност претставува Sway?
https://www.youtube.com/watch?v=Jw-g6IuBVJE
Популарни курсеви:
- „Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
- „Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Microsoft вели дека Sway е за градење, прикажување и споделување на “дигиталните приказни”, и овој опис сосема одлично се вклопува со некои од последните трендови како што се интерактивни приказни и responsive design. Мислете на тоа како на начин за собирање на содржина – почнувајки од фотографии до мапи, од твитови до музика, графици па дури и PDF, Excel или PowerPoint документи, и сето тоа организирано автоматски во професионално презентирана, скоцкана и динамична рамка, која може да ја видите на интернет прелистувач и која што се прилагодува на било која големина на екран.
Лесна за користење, со drag-and-drop фунцкионалности за текст, слики па дури и твитови, Sway ви овозможува креирање на презентации од Вашиот IPhone, таблет или лаптоп каде лесно може да додадете пријатни визуелни ефекети; нешто по кое Microsoft станува познат.
Следниот пат кога ќе сакате да презентирате нешто пред вашиот тим или пред група на инвеститори, пробајте ја оваа мошне интересна алатка. Бидете иновативни! Бидете brainster!
Среќно
Brainster заедницата
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука