Како начинот на кој правиш пауза за ручек може да и влијае на твојата кариера

Јадењето на сендвич со едната рака додека со другата скролаш низ мејловите нема да и помогне на твојата продуктивност. Напротив.

Време е да размислиш за начинот на кој ги поминуваш твоите паузи за ручек. Според едно стражување нашите мозоци се способни да останат фокусирани 90 до 120 минути пред да имаат потреба од одмор. Додека потребно е низ денот да правиш мали паузи, паузата за ручек е време кога можеш да се посветиш на своите здрави ритуали кои ќе ти помогнат во одржување на нивото на енергија низ останатиот дел од денот.

Постои објаснување позади причината зашто на повеќето од нас, според правилата на работното место, ни следува токму 1 час пауза за ручек во денот. Според интернационално признаениот бизнис тренер Michael Kerr, еден час е сосем доволно за да се ужива ментална пауза и дека јадењето на здрава храна за време на паузата ќе му помогне долгорочно на твојот успех.

Kerr додава дека доколку навистина немаш доволно време за да ја напуштиш канцеларија за време на твојата пауза за ручек, најмалку што можеш да направиш е да ја напуштиш твојата работна маса – бар на неколку минути. Промената на локација, ќе ја задоволи потребата од промена на сценарио и перспектива што ќе го освежи твојот ум.

Провери ги препораките и малите ритуали наведени подолу за да се увериш дали паузата која ја правиш во денот ќе и помогне или ќе ги саботира твоите изгледи за успех и продуктивност.

Помини ја паузата заедно со колега

 

Не само што спремањето и делењето на оброк со соработник е поврзано со поголема продуктивност на тимот, туку е и многу позабавно од јадењето сами.

Покани ја твојата колешка или директор да ти се придружат на паузата за ручек. Разговорот со нив ќе го стимулитаат твојот мозок на начин на кој никогаш нема да може тоа да го направи твојот компјутер. Од друга страна, тоа ќе ти помогне во зајакнувањето на врските со твоите соработници, без разлика дали на професионално или лично ниво. Делењето на паузата со некого ќе ти ја врати енергијата, фокусот и ќе ти помогне да бидеш попродуктивен во текот на денот.

blog 6 slika 2

Внимавај на терминот за ручек

Оддамна знаеме за важноста на тоа што, кога и како ги јадеме оброците низ денот. Колку и да си зафатен и се трудиш да го стигнеш рокот, одложувањето на оброкот само ќе и одмогне на твојата продуктивност и успех за извршување на работните задачи.

Обиди се секогаш да ја правиш паузата во исто време од денот. Тоа ќе му помогне на твоето тело да се приспособи на твојот календар и потребите за глад ќе се усогласат со твојата агенда, што значи се помалку ќе ризикуваш да работиш гладен и да бидеш нервозен и непродуктивен. Од друга страна, тоа ќе ти даде чувство на организираност и контрола врз твојот работен ден.

Вежбај (кога е возможно)

 

Ако не функционираш добро наутро (иако можеш да се истренираш себеси да бидеш продуктивен и тогаш) или вечерните часови ти се веќе преокупирани со социјални дружби, најверојатно не успеваш да го најдеш вистинското време за вежбање.

Иако звучи покомплицирано од што навистина е, но паметниот избор на физичка активност која можеш да ја правиш за време на твојата пауза за ручек може да биде феноменалното решение кое го бараш. Дневната доза на активност не е важна само за твоето физичко здравје – туку и за менталното. После вежбањето ќе се чувствуваш полн со енергија и елан за работа.

blog 6 slika 4

Исправи се и истегни се

 

Поголемиот дел од нас го поминуваат денот работејќи на компјутер – што значи седејќи во неверојатно лоша позиција. Можеби сè уште не ги забележуваш непријатните страни и негативните влијанија на поминувањето на 8 часа во денот на стол, но еден ден сигурно ќе почнеш.

Најмалку што можеш да направиш е да бидеш паметен и во канцелариското работење да инкорпорираш колку е возможно повеќе движења, а тоа е најлесно за време на паузата за ручек. Наместо да останеш во канцеларијата, пешачи до некое мало паркче каде ќе ги истегнеш нозете додека дишеш свеж воздух (свежиот кислород неверојатно многу ќе и помогне на твојата продуктивност).

blog 6 slika 3

Посвети се на твоите (мали и големи) цели

Иако неколку пати до сега ја нагласивме важноста од паузата за ручек да направиш сериозен ритуал што ќе подразбира напуштање на мониторот, тоа не значи дека не може да ја поминеш паузата во организирање на твојот ден и живот.

Понеси со себе тетратка и запиши ги сите работи кои треба или сакаш да ги направиш а за кои немаш време да размислуваш во текот на хаотичниот ден на работа. Откако ќе се дистанцираш, бар и за момент, од работата – некои работи ќе бидат многу поразбирливи и логични.

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, ручек, пауза.

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.