Знаеш дека даваш сè од себе и дека е време да добиеш покачување, но не си сигурен дали го заслужуваш?
Многу честа појава е неверојатно вредни и успешни луѓе да имаат проблем да разберат колку се всушност добри и колку вредат. Некогаш, можеби и доколку немаш проблем со самодовербата и сигурен си во својата работливост и лојалност, едноставно не си од оној тип на луѓе на кои им е удобно да влезат во канцеларијата на директорот и решено да изјават дека време е да бидат подобро платени.
Иако скромноста важи за позитивна особина, според еден напис на Harvard Business Review, доколку не побараш покачување набрзо откако ќе сфатиш дека го заслужуваш, големи се шансите во блиска иднина да изгубиш мотивација и ентузијазам за работа, а со тоа да почнеш да работиш неквалитетно.
Поради истите тие причини, Lolly Daskal, CEO на консултантската компанија Lead From Within и авторка на истиот тој напис, предложува 4 чекори кои треба да ги направиш за да го добиеш покачувањето кое веќе некое време го заслужуваш.
Разбери дека прашањето треба да биде решено веднаш
Да, нормално е секој од нас да преферира да игра безбедно, а особено во моментите кога не си сигурен во своите вештини, најверојатно и помислата за преговори за покачување звучи ризично. Но вистината е дека можеби веќе ја помина точката кога требаше да го направиш тоа. Доколку си константно незадоволен и демотивиран за работа, има две опции за како да се справиш со тоа: продолжи да бидеш исфрустриран или собери храброст и побарај решение. Знај дека доколку не се одбидеш да го решиш проблемот, големи се шансите твоето незадоволство и гнев да резултираат во нешто што ќе ја уништи репутацијата која толку се трудеше да ја изградиш.
Работи на својата самодоверба
Истражувај. Провери колку оние кои го прават истото што го правиш ти „вредат“ на пазарот. Дознај колку е платена твојата позиција во други компании и спореди го со тоа што го заработуваш во моментот. Доколку не си сигурен во своите квалитети, можеби е добар тест да аплицираш на некој оглас за вработување, чисто за да провериш и поврдиш колку вредиш. Никогаш не знаеш, можеби откако ќе ја добиеш работата ќе одлучиш да ја прифатиш и тоа ќе биде решението за твоето незадоволство.
Направи темелна и реална самопроценка
Разгледај ги сите можни фактори, почни од твоето образование и работно искуство, па сè до успехот на твојот тим и твоите проекти во последните 3 месеци. Уште поважно, направи листа на сите твои вештини, особено оние специфичните кои те издвојуваат од останатите во твојата компанија. Мапирај ги сите анегдоти, мали и големи успеси, неуспеси и проблеми, иницијативи, и не ги заборавај твојата лојалност и посветеност.
Припреми се за негативни или комплицирани разговори
Иако во овој момент веќе си сигурен во своите способности и вредности, не заборавај дека има шанси за време на разговорот да добиеш негативни реакции или непријатни прашања. Спреми се за тоа и не дозволувај да ја разлабават твојата самодоверба. Можеби е паметно да го извежбаш разговорот со пријател или колега, испробајте различни сценарија, и кажи им да ги постават сите прашања кои ќе им паднат на ум. Стој цврсто на својот став и не се разубедувај и предавај лесно.
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, вмрежување, нова кариера, покачување, самодоверба.