21 век. Сè се случува на интернет. Секој може да напише сè што сака и тоа е достапно за целиот свет. Сакаш и ти да пишуваш, имаш талент за пишување, но сепак нешто ти недостига? Кои се работите на кои треба да обрнеш внимание?

Направени се многу студии и истражувања на темава, некој се сетил да направи анализа и да ни објасни како подобро да пишуваме за интернет, како да ги заинтересираме читателите и да им го задржиме вниманието до крај. Еве ти 8 правила за подобар интернет контент.

1. Catchy наслов

Насловот е многу важен! Тој ќе ги убеди читателите да го отворат текстот. Треба да е интересен, да привлекува внимание и да ја содржи главната идеја. Кога пребаруваме информации на Google ни се појавуваат милион линкови до страни со слични содржини кои ги користат нашите клучни зборови. Кога ќе пребаруваш нешто следен пат забележи кои страни ги отвораш – сигурно не тие со долги, досадни наслови, кои не ја содржат главната порака уште во самиот наслов.

2. Оптимизација на текст

Истражувањата покажуваат дека читањето од екран многу побрзо не заморува, без разлика дали читаме на лап топ, мобилен или таблет. Со тоа ни опаѓа и концентрацијата. За некој да ти го дочита текстот до крај и да не се чувствува уморно (и да избегнува твои текстови во иднина) треба текстот да е што е можно пократок.

3. Биди директен

Кус вовед е ок, немој да се распишуваш. Кој има време да чита 10 редови вовед, во којшто нема ништо конкретно за темата? Премини на поентата што е можно побрзо! Читателите најмногу внимание обрнуваат на првите неколку реда. Потруди се главната порака да биде таму и првите реченици во текстот да ги одговорат 5те прашања – Кој? Кога? Како? Што? Зошто?

kako da pishuvash za internet

4. Пишување со поднаслови

За подобра организација на текстот користи поднаслови и нови параграфи. Како читатели, кога ќе видиме текст во кој што нема нов ред и нема поднаслови, текстот ни изгледа подолг од тоа што е навистина, а и подосаден. Со користење на поднаслови истакни ги главните поенти кои сакаш да ги пренесеш. Доколку е заинтересиран за темата, читателот сигурно ќе прочита уште минимум 3-4 реда под секоја нагласена мисла во форма на поднаслов.

5. Јазик прилагоден на таргет групата

Читателот сака важни информации и сака да му се обратиш директно. Како да го постигнеш ова? Познавај си ја таргет групата. Литературниот јазик секогаш е правилен избор, но жаргонот е променлива. Целта ќе ја погодиш ако се обраќаш на јазик кој го користи и читателот. Така ќе му биде полесно да го дочита целиот текст. Во меѓувреме, поради користење на терминологија која и самиот ја користи, ќе се чувстува како текстот да е напишан баш за него.

6. Слики

Една слика илјада зборови, не? Текстот е супер, но по некое време не заморува. Читателите сакаат слики, фотографии, визуелни содржини.

7. Пишување на едноставен стил

Пораката што сакаш да ја пренесеш мора да биде разбирлива. Читателот не треба да дешифрира или да чита меѓу редови. Што пократка, појасна и поконцизна порака – тоа подобро. Доколку нешто е пресложено за да се објасни во два реда, линк до содржина за целосно објаснување е одлично решение. Пример, ако сакаш повеќе на оваа тема – провери тука.

8. Цитирај

Плагијатот по дефиниција е литературна кражба или присвојување на туѓо авторство, а по закон е казниво дело. Секогаш кога цитираш мора да кажеш и да го наведеш авторот и/или делото кое го цитираш. Тоа може да го направиш со фусноти, може да го напишеш делото и/или авторот во заграда или да вметнеш линк до текстот кој го цитираш доколку е објавен онлајн. Еве како да цитираш правилно.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.