Како да го преживееш тест периодот од 3 месеци при вработување

Го напиша совршеното мотивациско писмо, склопи феноменално CV и беше одличен на интервјуто за работа. Честитки, но не заборавај дека твоето вработување не завршува тука, туку започнува.

Дури и во случаевите кога работодавецот не го нагласил тоа (иако се сомневаме дека денес воопшто некој не го практикува правилото на три месеци), верувај дека како ќе се покажеш на почетокот е неверојатно важно за секој работодавец. А некои компании пак го избираат најстресниот можен начин за да се справат со тоа – преку истовремено вработување на неколкумина, од кои подоцна ќе го изберат оној кој оставил најдобар впечаток.

Иако нашиот најискрен совет би бил едноставно да бидеш свој, нема ништо погрешно во тоа да се трудиш и амбициозно да дадеш сè од себе (се разбира, се додека не ги преминуваш границите на нормалното однесување). Затоа што на крајот на краиштата, не сакаш да бидеш само добар, туку најдобар!

Без разлика дали штотуку се вработи на асистентска позиција или како заменик претседател на компанијата, искористи го овој тест период за да им докажеш на менаџерите дека ја донеле вистинската одлука кога те вработиле. Во ниеден момент не заборавај дека твојата работа (а можеби и кариера) зависат од тоа каков работник и тимски играч ќе бидеш овие неколку месеци. Биди вешт во комуникациите, отворен за критика и не заборавај најмалку еднаш неделно да поканиш некој од новите колеги на ручек-пауза.

Следи ги нашите совети и не дозволувај стресот да те надвладее.

Разбери дека си константно оценуван

Ти си најновиот човек во компанијата, се разбира дека си постојано оценуван, набљудуван и мониториран. Не само од менаџерите, туку и од новите колеги. Но откако знаеш дека целото внимание е свртено накај тебе, играј паметно и злоупотреби го тоа! Биди максимално фин и фер со сите околу тебе, фрли и по некој комплимент од време на време.

Никако, никако не ги озборувај колегите и не шири гласини. Твојот карактер ќе биде проценет според тоа како се однесуваш во најмалите, секојдневни интеракции. Доколку одлично се сложуваш со сите и секој ужива во работењето со тебе, твојот директор ќе знае дека си добар тимски играч.

Пристигни порано и замини подоцна од тоа што треба

blog 12 slika 3

Свесни сме дека звучи неверојатно клише, но како и повеќето клишеа, вистина е. Пристигнувањето на време, или уште подобро 10-15 минути порано, не покажува само дека си посветен, туку и дека си одговорен.

А едноставната причина зашто треба да останеш и по истекувањето на работното време е затоа што испраќа сигнал дека се трудиш. Плус, секое дополнително време можеш да го искористиш за да научиш нешто ново или за да се осигураш дека добро си ја завршил работата во текот на денот.

Внимавај на политиката на однесување

Секаде постои хиерархија, иако можеби на почетокот ќе ти биде комплицирано да ја согледаш, особено кога станува збор за мала фирма или особено стартап. Затоа, за време на првите три месеци, важно е да оддржиш неутрална позиција на набљудувач, лошата проценка на политиката на канцеларијата може да влијае на твојата работа.

Не се вклучувај во разговори и дискусии за работни задачи доколку тоа не ти е наложено. Остани воздржан во секој момент, сè додека не се почуствуваш доволно безбедно и сигурно.

Избери го твојот најдобар колега-пријател

blog 12 slika 1

Никој не очекува дека во некој колега ќе го препознаеш твојот нов најдобар пријател, но вложи малку време и енергија во градењето на добар однос со твоите соработници. Потсети се на првото правило дека постојано си оценуван, а тоа е само една од причините зашто треба да внимаваш на врските и интерната комуникација.

Од друга страна, имањето на искрени пријателства на работа значи дека ќе се чувствуваш удобно кога ќе треба да побараш помош или да прашаш за совет. А воопшто нема потреба од зборување за предноста на пријателствата и поддршката која ќе ја добиеш во моментите кога ќе згрешиш нешто.

Запишувај СÈ

Веќе зборувавме за ова, само затоа што знаеме колку е важно. Невозможно е да запомниш сè што ќе ти биде кажано, а реално, на почетокот не можеш ни да знаеш која информација е колку важна, за да можеш правилно да ги приоритизираш.

Не само што треба да запишуваш сè, дури и најмалите нафрлени информации, туку отиди едно ниво погоре и сподели ги со тимот белешките од состанокот кој штотуку го одржавте. Тоа не само што ќе ти помогне на тебе и твоите колеги, туку до менаџерите ќе ја испрати пораката дека си одговорен и организиран.

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, тест период, интервју, мотивациско писмо.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА