Тешка е трката за најкомплицирано прашање кое работодавците го поставуваат при интервјуто за вработување, се чини како да ги селектираат според правилото – кое е прашањето на кое никој не може да одговори?
Но доколку мора да избереме едно, кое колку време и да му посветиш размислувајќи го, никогаш се чини дека никогаш нема да дојдеш до вистинскиот одговор со кој ќе бидете истовремено задоволни ти и работодавецот е: Кои се твоите најголеми слабости?
Оддамна сфативме дека да се биде сериозен и возрасен значи да се има критички став кон своите најсилни и најслаби страни. Но додека сите сме свесни дека имаме огромен број на мани, далеку е поедноставно одвојувањето на предностите. Од друга страна, која е поентата на прашањето? Ако целта на работодавецот е да одлучи дали сме самокритични, тогаш зошто едноставно не нè праша дали имаме слабости. Но тие нè прашуваат кои се, што значи дека постои ризик одговорот кој ќе го дадеме да биде погрешен и да нè претстави во негативно светло.
Во тој момент сфаќаш дека ова е едно од прашањата на кое не е лесно да бидеш брутално искрен, зашто тоа ќе значи одговор како пример следниот – „Лесно ме нервираат колегите кога ја оставаат целата работа на мене и во тие моменти знам да изреагирам бурно и да заврши со сцена” или „Лошо се справувам со рокови и притисок”.
Најголемиот дел од луѓето, кога ќе им го постават прашањето, се обидуваат да дадат одговор кој ќе претстави некоја нивна слаба страна како силна (пр. „Премногу сум фокусиран на тоа што го работам” или „Перфекционист сум”). Но според професорот од Wharton, Adam Grant, постои подобар начин да се одговори прашањето од овој. Тој тврди дека сепак, работодавците и во овој случај ценат целосна искреност, зашто според една студија – менаџерите се поимпресионирани од потенцијалните вработени кои се трудат себеси да се претстават реално какви што се, отколку позитивно.
Според една друга студија, 23% од студентите интервјуирани на Harvard, како одговор на прашањето навеле свои искрено-негативни страни, додека 77% пробале да ги замаскираат своите мани како предности од типот на: „Премногу сум фина и премногу очекувам од луѓето да бидат фер.”. Истражувачите заклучиле дека шансите се поголеми да биде примен испитаникот кој како одговор искрено ги навел своите негативни карактеристики, зашто едноставно – за тоа треба храброст и развиено ниво на самокритичност.
Значи, следниот пат кога потенцијален работодавец ќе те праша да ги наведеш твоите слабости, не размислувај премногу, признај ги искрено, зашто сè уште искреноста важи за најголема позитивна карактеристика од сите.
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, како да направиш CV, интервју.