Со две самостојни изложби, носечки постер дизајн за настанот „МКЦ за Скопје“ и освоена Стрип награда, Јована Велинова успешно ја заврши Академија за графички дизајн . Јована е дипломиран ликовен уметник во областа на класичното сликарство. Омилен дел од дизајнот и е цртање на стрипови и илустрации, каде што неодамна ја зема Стрип наградата „Лифт“.
Јована ни кажа дека никогаш не пропушта прилика да учествува на конкурси, работилници и било кое место каде што има креативност и работа па така има собрано многу искуства и награди. „Имав чест да работам со луѓе на кои сум се восхитувала и да бидам под нивно менторство. Ќе ја издвојам како посебно важна можноста да работам со Игор Јовчевски од кој научив се за стриповите и повикот да предавам на работилница за стрипови и стрип техники на интернационална работилница. Може да се пофалам и да издвојам дека успеав да направам две самостојни изложби по завршување на студиите.”
Пред извесно време ја заврши Академијата за графички дизајн, кажи ни каде работиш сега и како ти помогна Академијата на работното место?
На Академијата на Брејнстер се запишав за многу побрзо да го совладам она што мора да го знам за да бидам добар графички дизајнер. Веќе бев вработена како графички дизајнер во старт ап компанијата „Pixyle.ai” и знаев дека она што ќе го стекнам на Академијата ќе ми помогне да ја работам подобро својата работа. Во меѓувреме почнаа најголемите предизвици за компанијата и токму на време стигнаа голем дел од обврските кои бараа доза на професионализам и знаење. Креирањето на лого, брендинг и UI/UX дизајнот беа многу полесни благодарејќи на она што го научив од инструкторите на Академијата.
Освои прво место за твојот стрип Reborn и ја зема Стрип наградата „Лифт“. Раскажи ни повеќе за стрипот? Дали очекуваше прво место?
Овој стрип раскажува приказна која ја носев во себе скоро 6 години. Има тема и „херој“ кој го дефинираше целото мое размислување во текот на годините и е директно порвзан со мене и она што сум јас. Дефинитивно не очекував прво место, тоа навистина дојде како огромно изненадување. Кога прв пат ги видов сите пристигнати стрипови знаев дека конкуренцијата е одлична и стигнување на прво место не е лесен чекор па се убедив самата себе дека нема да се случи. Не знаев се до последниот момент, кога пристигнав на доделувањето. Бескрајно сум благодарна што “Reborn” доби награда затоа што тоа не е само награда за мое дело, туку за нешто што било дел од моите мисли долги години а конечно собрав храброст да го нацртам. Токму сега добив уште поголем поттик да продолжам да ја цртам приказната и надежно да биде објавена како едно поголемо дело.
Исто така твојот дизајн на постер беше избран за носечки на настанот МКЦ за Скопје. Која ти беше инспирацијата за да го направиш толку она што се бараше?
Дизајнирање на постерот што беше избран како носечки на настанот беше еден од најголемите предизвици со кои се имав соочено. МКЦ е едно култно место, начин на размислување, култура. Директорот лично ни објасни која е идејата и што ќе се случува, што сака и што очекува. Самиот бриф кој ни го даде беше инспирација за себе. Така почнав и се инспирирав од приказната за која се организира настанот, едно ново раѓање на Скопје. Си ги замислував моментите и симболиката и чекор по чекор дојдов до идејата под новиот бел лист на кој се испишуваат најубавите приказни да стои слика од храбрите напори кои биле вложени во тешките времиња.
Што најмногу ти се допаѓа во работата како графички дизајнер?
Веројатно она што е најблиску до мене и моите размислувања се илустрациите. Поделена сум помеѓу правење илустрации, што се на свој начин една огромна уметност и може да се биде ултра креативен и UX/UI делот во дизајнирањето. Моментално се стремам во насока да ги спојувам двете и да креирам одлични функционални сајтови и апликации со уникатни илустрации што ја објаснуваат приказната. Мора да признаам дека инструкторот Зоран Кардула беше едно од имињата на кои се восхитував долго пред да почнам со Академијата и тој е виновникот што за кратко време научив многу и ги засакав дигиталните илустрации повеќе од било кога.
Каде се гледаш во иднина?
Во иднина се гледам како среќен дизајнер и уметник кој сеуште неуморно твори со љубов кон професијата. Се надевам дека во сето тоа ќе сум уште поголем оптимист и целосно ќе уживам во животот и работата.
Уписите за Академијата за дизајн се во тек!
Зачувај си место тука!