Имаме супер професија која ни нуди можност да креираме нови светови

Сигурно ја знаете Ива Дујак, но сепак, кратко да ја претставиме: маркетинг Ph.D. со специјализација во дигитален маркетинг, партнер и COO во маркетинг агенцијата Brand Union каде е одговорна за комуникацијата со повеќе локални и меѓународни брендови. And proud to say, инструктор по Content Marketing на Академијата за дигитален маркетинг. Таа ни раскажа за нејзиното искуство во оваа професија.

Колку време се занимаваш со дигитален маркетинг? Колку кампањи имаш зад себе?

Маркетинг работам од 2004та уште од факултетските денови, додека дигитален маркетинг некаде од 2010та кога полека почнаа да се јавуваат првите Facebook страници кај нас.
Не можам да се сетам на точна бројка на кампањи, со оглед на тоа што досега имав прилика да работам со над 50 локални и интернационални клиенти, ги има навистина многу.
Кампањите со кои се пробивало нешто ново дотогаш ненаправено на пазарот ми се подраги бидејќи се и поголем предизвик, но развивањето на секоја приказна и потоа гледањето како таа „оживува“ онлајн и офлајн е секогаш преубаво искуство.

Зошто ја одбра оваа професија? Кога знаеше дека сакаш да се занимаваш со тоа? 

Знаев уште од средно. ? Сакав нешто што ќе биде спој на уметност и бизнис – да можам да се изразувам креативно, да немам премногу стеги и ограничувања, ама во исто време и да можам добро да заработувам. Маркетингот се покажа како идеален спој на двете работи.

Најомилена кампања и зошто?

Најтешкото прашање за мене. Лесно паѓам на емотивни кампањи (почесто плачам на реклами отколку на филмови ?) или на кампањи кои се толку откачени што не ти се верува како некој ги одобрил и успеале да искочат во јавност.
Од ден на ден омилената кампања ми се менува, па затоа почнав да правам блогови каде ги издвојувам оние кои најмногу ми се допаѓаат во моментот и тие блогови некако станаа мои онлајн маркетинг дневници. Од 2010 до 2016 год. го пишував This is Not a Social Media Blog, а денес тука е www.creativetalks.mk каде (не баш толку) редовно пишувам за кампањите и идеите кои ме инспирираат.

Најнеомилена кампања и зошто? 

Не сакам многу да хејтам, мислам дека споделуваме премногу негативна енергија онлајн па некако цело време со сѐ што правам се трудам да одделувам само позитивни примери.
Не сум фан на кампањи кои се непромислени, немаат никаква приказна и логика зад нив, ниту пак истражување. За жал има доста такви и мислам дека лесно ќе ги забележите, ама да не си го трошиме премногу времето на нив. ?

Раскажи ни некоја интересна немила случка или грешка што ти се случила во текот на кариерата? 

Ми се случувало да пратам мнооогу погрешен мејл на многу погрешно место, да утнам име на бренд или да кликнам Ентер пред да треба, ама за среќа немало некои поголеми, нерешливи проблеми. Добрата страна на нашата работа е што е навистина флексибилна, па и грешките лесно и брзо се поправаат. 

Какво ти е искуството како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster? 

Многу позитивно. Пријатно сум изненадена од мотивацијата на посетителите, од нивната ангажираност и размислувања. Со секое ново предавање ме исполнуваат со супер позитивна енергија и ми даваат надеж дека нашиот маркетинг свет допрва ќе расте и напредува.

На кој начин и со што можеме да станеме уште подобри маркетери? What’s your ‘extra mile’?

Со постојано учење, малку повеќе храборст, постојано поставување на нови прашања и бришење на она „е сега сум најдобра, тука застанувам“.
Маркетингот постојано бара свежина, напредок, следење (и поставување) на трендови и на некој начин го гледам тоа како наша одговорност како маркетери. Сите треба како поединци постојано да растеме за да можеме да ја пораснеме и нашата маркетинг заедница а и воопшто маркетингот кај нас.

Што би има препорачала на индите маркетери или оние кои размислуваат да започнат ваква кариера?

Да истражуваат! ? Читајте, тестирајте, не се откажувајте по неуспешните обиди. Имаме супер професија која ни нуди можност да си креираме нови светови, да измислуваме приказни, да си играме секој ден, искористете го тоа до максимум. ?

Ако кариера во дигитален маркетинг е нешто за кое размислуваш и сакаш да го започнеш, сега е време да се посветиш и да ја разгледаш 23 неделната програмата на нашата Академија за дигитален маректинг, внимателно креирана од екперти кои го сочинуваат тимот на инструктори, меѓу кои и Ива.
Аплицирај и зачувај го своето место денес!