Интервју со: Ива Дујак – моден блогер, дигитален маркетер, инструктор на Brainster

Ива Дујак е вљубеник во маркетингот кој има среќа да си ја работи работата од соништата, веројатно единствениот моден блогер (Skopje Casual) што и во најголемиот плакар на светот ќе одбере фармерки, патики и маичка, инаетлив оптимист и редовно насмеан гушкач. Како локален експерт, Ива неодамна го постави првиот курс на Brainster за блогирање на долги патеки. Како помина тој курс и кои се новите техники и вештини кои таа сака да ги сподели со оние кои сакаат да научат нешто ново преку курсот за Online Marketing кој е закажан за 27ми Мај, поразговаравме со Ива.

Н: Кога и како се роди љубовта за блогирање и дигитален маркетинг?
И: Маркетингот ми е high school sweetheart. Прв пат започнав да размислував на таа тема кога решавав каде би одела на факултет барајќи работа во која уметноста ќе се „исплати“. Маркетингот ми дојде како совршена спојка од двете, а првите контакти со дигиталниот маркетинг sealed the deal. Сфатив дека тоа е тоа што сакам да го работам и дека сум ја нашла темата која постојано се менува и инспирира. Првиот блог почнав да го пишувам баш за да споделувам што повеќе за дигиталниот маркетинг, па по супер искуството многу брзо се „навлеков“ на блогирање и продолжив со другите блогови.
Н: Што е клучно за една маркетинг кампања да биде успешна? И која ти е најомилена, односно од која кампања на која си работела најмногу се гордееш?
И: Добар концепт не е ништо без квалитетна реализација, па затоа би рекла дека извршувањето на вистинскиот начин во вистинско време е тоа што може да ја направи или уништи кампањата. Се гордеам со многу од кампањите на кои имам работено, но ако баш морам да бирам би ја издвоила #МедоГотви за PROMES зад која гордо стоиме како Brand Union.

 

12742008_779902512154368_3015948626495116200_n

Н: Како се случи Ива да стане инструктор на Brainster?
И: Отсекогаш ми биле интересни можностите за споделување на искуства и запознавање на луѓе кои ги интересираат слични теми како и мене. Да бидам искрена, првиот курс почнав да го креирам, па малку го подзаборавив, потоа Петар ме „натера“ да се вратам назад и да го објавам и не зажалив во ниеден момент. Супер искуството од првиот курс ме поттикна да го креирам и вториот, верувам дека ќе има уште многу.

Н: Какво е твоето искуство по првиот оддржан курс за блогирање?
И: Супер позитивно. Учесниците ги надминаа моите очекувања, се развија корисни дискусии кои лично ме инспирираа, а по фидбекот од учесниците по курсот дознав дека позитивните импресии ни се взаемни.

 


Mожеби ќе ве интересира некој од следниве курсеви:

 

Н: За кого е наменет новиот курс и кои се твоите очекувања по завршувањето на курсот Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти?
И: Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да научат малку повеќе за онлајн маркетингот и да започнат (или да ја подобрат веќе постоечката комуникација) на нивните брендови. Очекувам дека ќе имаме продуктивни три дена по кои сите од присутните ќе знаат како да го пласираат нивниот бренд онлајн, кои се главните работи на кои треба да обрнуваат внимание при комуникацијата и како да остварат најдобри ефекти од таа комуникација.

 

713_779902515487701_3498551088593457495_n

 

Н: Што би им порачала на локалните експерти кои би сакале да постават курс на Brainster и на оние кои сакаат да научат нешто ново?
И: Да ја искористат можноста и да започнат некаде. Колку и да звучи како реклама, искуството е навистина одлично, од една страна како слушател бидејќи добиваш корисни информации и совети од професионалци во областа, од друга страна како предавач бидејќи токму учесниците на курсот можат да дадат многу инспирација и мотивација на самите предавачи.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА