Совладлив по природа, со мноштво патеки за развивање и со сѐ поголема побарувачка на пазарот, дигиталниот маркетинг се наметна како неопходен за секој бизнис или индивидуалец што се стреми кон дигитална трансформација.
Затоа, на 12.11.2019 ќе имаме Курс по дигитален маркетинг со Петар Ниновски и Александра Јанакиевска, основачи на Brainster и Laika соодветно, и енергичен тандем со огромно искуство во сферата на маркетинг и претприемништво. Пред курсот поразговаравме малку околу моменталните случувања во областа на дигиталниот маркетинг и за тоа што нѐ чека понатаму.
Дечки, дигиталниот маркетинг стана неизоставен дел од секој бизнис во било кој сектор. Според вас, што го направи толку популарен последниве години?
Петар: Од четирите најбарани вештини денес – маркетинг, програмирање, дизајн и data science, маркетингот е нај… може да се каже, аморфна материја? Да бидам појасен, денешниот дигитален маркетинг опфаќа сѐ. Многу е цврст и флексибилен во исто време.
Цврст е затоа што како маркетери имаме на располагање огромен арсенал на алатки што нѐ прави целосно независни. Значи, веќе не мора да го чекаш девелоперот да ти ја смени сликата на лендинг страницата или пак дизајнерот да ти направи пост за Фејсбук. Сега сѐ е во твои раце. Нормално, ако имаш познавања од WordPress, Illustrator и Photoshop – тоа е предност, но за почеток, апсолутно не е неопходно.
Александра: Јас може само да се надоврзам за другиот аспект. Флексибилен е затоа што буквално се менува од ден во ден. Доволно е Гугл утре да го смени алгоритмот (а, често го прави тоа) за сѐ што си практикувал до вчера, денес да падне во вода. Поради тоа мора да си во состојба на константна готовност. Да имаш неизмерна желба за учење на нови техники, алатки и стратегии. Да ја следиш конкуренцијата, да научиш да оптимизираш, да развиеш осет за буџет, итн.
Петар: Затоа, на моите студенти им велам дека иако искуството е важно, во дигиталниот маркетинг е клучно да знаеш што се случува во последната година и пол. Од таму, секој што ќе помине една солидна подготовка може многу брзо да почне да работи како маркетер или за развој на сопствениот бизнис.
Инспирирани сте од компании како Airbnb и Dropbox. Што е тајната зад нивниот успех?
Александра: Лесно е да работиш маркетинг и да дигнеш бизнис со голем буџет. Airbnb успеа да покори цела индустрија само со помош на рафиниран бизнис модел и соодветни growth техники. Dropbox направи нешто слично со нивната referral програма што им донесе глобален успех. Како да не те фасцинира тоа? За мене добар оптимизиран бизнис модел значи да почнеш со што помалку средства и веќе кога ќе мора да вложиш, да го добиеш максимумот за вложеното. И секако, мојот прв совет е – стави ја вредноста на пиедестал и јасно утврди што му нуди твојот бизнис на потрошувачот.
Петар: Кога ќе кажам дека Brainster во првата година направи продажба од 30 000 евра без ниедно евро инвестирано во маркетинг, тоа не е сензационализам. Brainster е практично еден ongoing & growing case study во кој се имплементирани модерни и напредни growth техники. На курсот, учесниците ќе се запознаат со многу иновативни и профитабилни стратегии што се неизоставен дел од денешниот маркетинг.
Какви новости и трендови очекувате во 2020?
Петар: Целосна трансформација во data driven маркетинг. Не дека моментално не е, но 2020 ќе донесе уште поголема мерливост, појава на нови платформи и алатки за аналитика, навлегување во предиктивни модели и се поголеми допири со анализа на податоци и Data Science. Маркетинг ќе биде професија со многу поширок опсег на вештини и побарувачката за овие работни места ќе биде уште поголема. Ова ќе резултира во поцврст спој меѓу техничкиот и креативниот аспект, а тоа значи квалитетен маркетинг -> квалитетен бизнис -> поголем профит.
Александра: Органскиот reach, за жал, ќе продолжи да опаѓа. Затоа ќе биде поважно од било кога да имаш квалитетна стратегија и план за тоа како да допреш до твојата публика без да истуриш куп пари за тоа. Ќе биде потешко, но не и невозможно. Со континуитет, дисциплина и труд, може да се постигне многу.
За крај, што може да очекуваат учесниците на курсот?
Петар: Kлучно, ќе го научат тоа што го бараат сите – како да постигнат ефикасни резултати со минимален буџет. Ќе комбинираме алатки, ќе учиме анализа на стратегии, обработка на податоци и case studies. Ќе поминеме се од основите, развивање на стратегија за содржина, ќе научиме што е SEO, email marketing, growth hacking, referral техники и последниот ден и Александра ќе го опфати целиот дел на Unpaid маркетинг. Сето ова ќе биде проследено низ практични и реални примери.
Александра: Мојот дел на курсот би било посоодветно да се вика How to Fall Social Media. Ќе споделам една рамка која ја препорачувам да се користи кога се прави план за настап на социјални мрежи и потоа ќе посветиме голем дел на примери. Примерите ќе бидат применливи во многу бизниси, но не значи дека би биле успешни. Секој бизнис и секоја таргет група се различни. Задачата на маркетерот е да испроба милион начини како да ја порасне публиката и откако ќе го пронајде, да стави повеќе буџет. 🙂
Петар: Годинава направивме неколку промени. Додадовме уште еден термин од 2 часа за уште подетално разглобување на материјата и ја апдејтувавме програмата во согласност со актуелностите. Исто така, секој учесник ќе добие и фолдер со growth hacks за понатамошна употреба.
Во основа, курсот е оne-stop-shop за една солидна основа во дигитален маркетинг што овозможува веднаш да почнеш да експериментираш и да работиш. Тоа заедно со комбинацијата од теорија и практична работа го направи еден од најпопуларните курсеви во Brainster.
Уписите за Курсот по дигитален маркетинг се во тек. Твоето место можеш да го резервираш тука.