Bike Computer – македонска апликација со над 1 милион симнувања

Иван Ивановски е ко-основач на Bike Computer и компанијата Venikom Mobile која развива мобилни апликации за брендови како Vogue, GQ, Dom Perignon и T-mobile. Веќе 11 години работи на развивање успешни глобални продукти, а неодамна неговата мобилна апликација Bike Computer достигна 1 милион симнувања.

Иван е гостин-предавач на Академијата за маркетинг во Brainster, а ние сме сè уште под импресии од маркетинг стратегијата на Bike Computer која ја сподели пред студентите на Академијата.

Иван, welcome to Brainster! Ти си CEO на Bike Computer, до сега поминавте многу, и постигнавте многу. Издвои ни неколку highlights од целото патување! 🙂

Огромна чест ми е на поканата да бидам гостин-предавач во Brainster. Изминативе две години поминавме доста интересен пат и успеавме од 0 да стигнеме до 1.000.000 корисници. Пробавме голем број на маркетинг стратегии и тактики за зголемување на бројот на корисници. Успеавме да привлечеме двајца инвеститори од Америка и Австралија и добивме грант од Фонд за Иновации и Технолошки Развој. Моментално работиме на подобрување на премиум верзијата и додавање на некои нови функционалности. ФИТР ни овозможи врвни консултанти од неколку области кои целосно ни помагаат во остварување на нашите цели.

Твојата улога е CEO на компанијата – капетан на бродот. Која е твојата улога во маркетирањето? Како иновирате?

Се се сведува на A/B тестирање. Пробуваме различни методи и полошата од двете секогаш ја исфрламе од игра. Пробуваме сè што ќе прочитаме на интернет дека функционира и го прилагодуваме на нашите потреби.

Што е твојот број 1 совет за маркетирање на мобилна апликација на глобален пазар?

Доколку целта ви е да добиете на масовност во бројот на превземања (како нашата), тогаш многу е битно името на самата апликација да е име кое што корисникот би го барал во Search на Google Play и App Store. Да се посвети големо време на ASO бидејки така може да донесете бесплатен органски трафик за кој инаку би требало да имате огромен буџет.

Што е следно за Bike Computer? Што ќе чуеме од тебе на следната Академија за маркетинг во Brainster?

Активно ќе ги споделувам сите нови маркетинг тактики кои ги применуваме и каков резултат имаме од истите. Така студентите ќе можат да научат од “нашите грешки”. Ние сме отворени за консултации и помош на секој кој сака да оформи стартап. Огромен предизвик ми е моето 8 годишно работно искуство со мобилни апликации да го пренесам на останатите.

Му благодариме на Иван што несебично ги сподели своите знаења и искуства со нас. Апликацијата Bike Computer можете да ја симнете на следниве линкови: Android ; iOS.