Што ќе научиш од инструкторите на Академијата за дигитален маркетинг?

Предизвиците во дигиталниот свет се сѐ поголеми и за да се биде во тек, важно е да се стекнат вистинските практични вештини кои ќе ти овозможат да бидеш во конкурентска предност на пазарот.
Учесниците на Академијата за дигитален маркетинг се соочуваат со работа на реални маркетинг кампањи и користење на најиновативни маркетинг алатки. Ваквиот начин на учење е овозможен од вистински експерти во областа, како што се нашите инструктори.
Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука.
д-р Љупка Наумовска – професор на факултет, сопственик на Honeybiz, предавач во Brainster за Дигитален PR и интегрирани маркетинг комуникации.
– 14 години искуство во областа на маркетинг комуникации и 4 години академско искуство. На Академијата за дигитален маркетинг е омилена, токму поради нејзините интерактивни сесии кои вклучуваат размена, љубопитност и разбирање на позицијата на маркетинг комуникациите денес и во иднина. На нејзините часови, студентите се поттикнати самостојно да откријат дека маркетингот не е само креативен постер или текст за продукт на портал, туку клучна алка во глобалниот бизнис и политиката.
Дарјан Раденковиќ – специјалист за дигитален маркетинг во NewMedia MK, инструктор за Google Ads и Google Analytics во Brainster.
– Платформата Google Ads е една од најмоќните алатки со кои за кратко време можат да се постигнат неверојатни бизнис резултати. На овој модул учесниците ќе научат како да креират реклами со помош на платформата за рекламирање на Google. Ќе дознаат што е потребно за рекламата да биде подобро позиционирана за да донесе подобри резултати, како рекламата да се појави кај публиката која е најрелевантна за производот или услугата, како да се постигнат максимални ефекти со минимум средства. Дополнително на тоа, детално ќе се учи алатката за мерење Google Analytics која што во реално време ги покажува ефектите од рекламната кампања.
Билјана Димовска – специјалист за SEO, инструкторка за Search Engine Optimization
– На сите прашања поврзани со Search Engine Optimization, најдобрите одговори ги има Билјана Димовска, која веќе 10 годнини професионално се дружи со SEO. На нејзиниот модул комплетно ќе биде разработен и објаснет SEO action plan. Секој од учесниците ќе знае точно од каде да почне, како да размислува и што да прикаже како резултат на својата работа во секоја точка од овој план, пред својот инвеститор или клиент. Учесниците ќе ги дознаат и користат алатките кои се потребни за добра оптимизација, како и критичните аспекти на секој SEO проект.
Александра Јанакиевска – CMO на Brainster, инструкторка за Email marketing & Lead generation
– Со студентите работи на нивните вештини за Lead Generation + E-mail маркетинг меѓу другото. На крај од модулот сите учесници ќе знаат да креираат newsletter-и и Landing страни, собираат лидови, интегрираат различни сервиси, и секако – автоматизација на процесите за поголема ефикасност. Александра ги води чекор по чекор низ процесот преку интерактивни работилници, каде на крај сите изработуваат минимум по една Landing страна и неколку newsletter-и. По завршувањето, учесниците знаат самостојно да креираат e-mail маркетинг кампањи.
Петар Ниновски – основач на Brainster, инструктор за Growth hacking
– Што е Growth Hacking и зошто Growth хакерите ќе им ја земат работата на традиционалните маркетери? После овој модул учесниците ќе знаат како да ги добијат првите корисници уште пред лансирање на новата понуда или производ. Преку реални примери ќе прикажиме како нашата компанија успеа да генерира повеќе од 5.000 e-mail адреси со една Growth Hacking кампања. Преку работилница за генерирање на идеи, од кои подоцна најдобрите ќе бидат имплементирани, учесниците ќe бидат способни самостојно да направат Growth Hacking стратегија.
Нина Ангеловска – ко-сопственик и основач на Групер, инструкторка за Gamification во Brainster.
– Како Grouper успешно применува гејмификација за придобивање на нови корисници, зголемување на продажба и промена на однесување. Со Нина од Групер, учесниците ќе учат што е гемификација и како практично се применува во секојдневните маркетинг и бизнис процеси. Како брзо и економично да дизајнираат engagement со потрошувачите и вработените. Ќе учат како да ги гемифицираат рутинските процеси и преку најдобрите практики од применета гемификација на водечките светски компании, како да ја применат гемификација за решавање на проблеми.
Ира Бабиќ – ко-сопственик и директор на Brand Union, инструкторка за Customer segmentation
Преку приказната за успехот на Brand Union – како агенција која години наназад креира многу успешни кампањи, Ира Бабиќ преку вистински case studies, ќе им пренеси на учесниците како да креираат стратегии кои навистина ќе допрат до зададената публика. На нејзинот модул ќе се зборува за правилна сегментација на потрошувачите, како треба правилно да се таргетира и како да се комуницира со клиентите.
Теодора Николовска – основач на дигитална маркетинг агенција Vrootok, инструкторка за Paid Social Media во Brainster
– Со Теодора од Vrootok, учениците ќе научат за повеќе аспекти за платениот маркетинг на Facebook. Ќе дознаат на кој начин функционираат платените огласи на секој социјален медиум, каква е поврзаноста помеѓу платените огласи на различни социјални медиуми, како најдобро да се оптимизираат огласите за да генерираат најдобри резултати со ограничен буџет, зошто Content е тесно поврзан со Paid Social. Ќе научат да поставуваат реални Facebook Аds, со поставување на таргет публики и детална сегментација, во зависност од интеракцијата на таргет групите како и A/B testing – вредноста на тестирање на перформансот на секоја реклама.
Петар Лазаров – ко-сопственик на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, маркетинг и продажен консултант, автор и инструктор за продажба во Brainster.
– Кои се вистинските техники и алатки на продажба? Петар Лазаров темелно ќе ги води учесниците низ процесот на секој продавач и купувач, разгледувајќи ги сите техники и алатки кои несомнено функционираат. Од друга страна ќе се разгледа и другиот аспект на продажбата. Минувaјќи низ чекорите низ кои поминуваат продавачот и купувачот во самиот процес на продажба, ќе бидат опфатени главните аспекти и чудесниот свет на потсвеста, како нешто што не тера да правиме или не одредени акции и постапки.
Јане Узуновски – Growth & Customer Success at Embed Social, инструктор за B2B маркетинг
– Како да стигнеме до B2B резултати во дигитално време, кога и тие што носат одлуки за компаниите се онлајн? Учесниците преку реални примери од интернационални компании, ќе научат како да стигнат до вистинските бизнис резултати и притоа ќе добијат темплејт кој ќе им биде водич во нивнита идна B2B комуникација.
Апликациите се во тек. Види ја програмата ?