Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Project Management. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Си слушнал за терминот Product Design Concept?
Многу компании сакаат секој иден проект да го дискутираат до бескрај. И некогаш е во ред! Но продуктивноста во тие состаноци е речиси минимална. Прашањето е – како до добри резултати без долги дискусии со тимот? Овој процес е одличен начин да се скратат непотребните состаноци кои на 80% од вработените им го одземаат времето а завршуваат многу непродуктивно. Концептот може да се користи за доаѓање до креативни решенија за идни проекти, иновации во компанијата, дизајнирање на нов продукт итн.
Што ви е потребно?
Собери го тимот! Неколку стикери во различни бои, мали стикери кои ќе служат за гласање и пенкала за тимот. Тајмер кој ќе го мери времето и ќе ве потсетува до каде сте. Целта е да бидете ефикасни и да се сработи за кратко време. Пуштете ја омилената плејлиста и осигурајте се дека во просторијата имате празна површина како ѕид или прозорец.
Почнуваме? 🙂
Одбери модератор
Оваа улога може да ја имa секој што има трпение со луѓе. И секако, да знае што треба да прави. Модераторот е еден од клучните личности затоа што мора да ја води работилницата чекор по чекор. Доколку го немате овој човек ќе настане голем хаос. Освен што целта е да ја води работилницата, има дозвола да прекине во било кое време кога тимот ќе се дефокусира.
Чекор 1 – Генерирање идеи
Целиот блок вкупно треба да трае 50 минути.
- 20 минути генерирање идеи
- 20 минути евалуација на конкуренцијата
- 10 минути евалуација на други продукти кои не мора да се конкурентни, но можеме да извлечеме инспирација, добри практики и факти
Собери го тимот и подели им стикери и пенкала. Секој треба да напише што е можно повеќе идеи поврзани со идните активности. Може да е за некоја идна маркетинг кампања, проект, настан или да е поврзано со продажба. Секогаш се потребни подобрувања.
Кога модераторот ќе ве прекине, стопирате со сè што правите во моментот. Првата работа на која сите се согласивме е дека нема лоша идеја. Навистина е така. Колку и да ви се чини бесмислена, кажете ја гласно, некој ќе ја надополни, ќе ја развиете и пред вас може да стои нов голем проект!
Чекор 2 – Презентација на идеите
Овој блок трае 30 минути.
Модераторот ја повикува секоја личност посебно, и секој своето купче на идеи го претставува пред тимот. Секој има по 30 секунди од идеја добро да ја испрезентира и со факти да објасни зошто треба да се имплементира. Потоа ги лепи стикерите на ѕидот или прозорецот за да можат сите да ги видат.
Чекор 3 – Гласање на идеите
Mодераторот треба да му подели на тимот 3 помали стикери. Секако, дозволено е и тој/таа да учествува. Секој член од тимот треба многу тивко да ги разгледа идеите на сите и да гласа за најдобрите 3.
Правилото е следно, може да се стават сите 3 стикери на една идеја или да се одберат 3 различни најдобри идеи. Целта е да се елиминираат идеите кои имаат најмалку гласови, како би се фокусирале на останатите.
Чекор 4 – Приоритетизација
На модераторот и тимот им требаат неколку секунди да ги приоритетизираат идеите: тие со најмногу гласови остануваат, идеите со најмалку гласови или кои се повторуваат се тргаат на страна.
Чекор 5 – Напор наспроти вредност
Јасно е дека некои идеи и решенија се побитни и повредни од останатите кога станува збор за тестирање. Секоја активност има различна тежина и потребен е различен напор за да се имплементира и изврши. Во Brainster ја користиме едноставната скала како што е прикажано на сликата, за да одредиме кои решенија ќе се направат уште следниот ден. Останатите можеби сакате да ги направите но потребен е поголем труд, а со тоа и повеќе време.
Најлево – највисок импакт со вложено најмалку труд – тие идеи веднаш се имплементираат!
Чекор 6 – Имплементација
Тоа е тоа! За краток временски период, успеавме да дефинираме важни предизвици и да се фокусираме на неколку добри идеи речиси целосно без дискусија. Следниот чекор е сите идеи и активности да ги имплементираме распоредувајќи ги во еден документ, по временски редослед. Кога идејата ќе ја претвориме во активност, поставуваме очекувања за неа за потоа да ги измериме резултатите кои ги носи.
Во Brainster го користиме овој метод за речиси секој иден проект, како би се подобрувале постојано. Сметаме дека добра структура и дисциплина се круцијални кога сакаме со помалце напор да стигнеме до неверојатни решенија и идеи.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.