Љупка Наумовска – претприемач, професор и активист за родова еднаквост и социјална правда со професионална и академска кариера во маркетинг комуникација. Инструктор по Интегрирани Маркетинг Комуникации на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.
Разговаравме за нејзиното долгогодишно искуство во индустријата и што значи да си вистински посветен на она кое го работиш.
Колку време се занимаваш со оваа професија? Отприлика колку кампањи имаш зад себе?
Ова е мојата петнаесетта година во индустријата на комуникации и петта во високото образование во областа на маркетинг комуникации и навистина се чувствувам среќна што можам да се реализирам во двете и истовремено да растам и како професионалец и како професор. Од сите реализирани и поставени комуникациски проекти, кампањи, стратегии и движења, домашни и интернационални, за чија бројка одамна не водам евиденција, омилени ми се оние кои создаваат општествен и реален импакт и преку кои ги успеваме да ги придвижиме работите во попозитивен правец и преку кои сите ние се менуваме на подобро. Такви се добар дел од проектите на МАСИТ, ИТД Дистрибуција, Newborn Clinic, проекти за развој на социјално претприемништво од граѓанскиот сектор, проекти за еднаквост и права на маргинализирани групи, каузален маркетинг и општествено одговорни проекти преку кој адресираме сиромаштија и болести, и – или менуваме нечиј живот, став, особено предрасуди. Понатаму, силен предизвик ми се и институционални и политички маркетинг проекти за репозиционирање на лидери и организации / институции и подобрување на капацитетите за комуницирање. Во последно време го работам и интерниот маркетинг каде наоѓам доволно поле за развој. За жал веќе не наоѓам предизвик и интерес во комерцијалниот и продукт маркетинг и повеќе сум насочена кон институционалниот маркетинг. Во делот на образованието, преку систематска и експериментална методологија, пробувам на моите студенти да им развијам разбирање дека оваа индустрија има далеку посилна масовност и моќ од тоа само да продаде продукт, па затоа уште на првите часови се обидувам да им ја доловам холистичноста, интердисциплинарноста и флексибилноста на оваа индустрија, но и моќта која ја носи поради природата, медиумите и перцепциите. Токму затоа стратешката страна на маркетинг инустријата, во оваа разавојна фаза сметам дека е особено важна.
Зошто ја одбра оваа професија? Кога знаеше дека сакаш да се занимаваш со тоа?
Можеби поради мојата вродена социјална природа, епматичност и социјална интелигенција сфатив многу рано дека имам склоност кон комуникациите, иако, признавам не ми беше визијата секогаш кристално јасна. Со ова сакам да порачам дека е неважно кога ќе открие индивидуата дека има интерес и порив за одредена професија, не е зло доколку долго време не знае, спротивно на системот кој не ,,тера,, да откриеме кој сме и што сме додека сме млади. Секако дека професијата е силен дел од идентитетот на современиот човек, барем признавам дека е силен дел од мојот идентитет, но треба да е дозволено да се предомислиме, смениме и подобриме во секое време и во секоја фаза од животот. Оттука, апелирам на засилување на интергенерацискиот пристап и охрабрување и создадавање на клима за секој-а, на секоја возраст да се чувствува добредојден-а во полето на маркетинг комуникации.
Најомилена кампања и зошто?
Сите кампањи на кои сум работела или пак сум ги следела како публика, кои ги промовираат различностите ми се омилени. Точката на вриење во која сме дојдени, ни налага нас,професионалците и професорите во маркетинг индустријата да го искористиме гласот кој го имаме да ги претвориме брендовите, кампањите и призводите во амбасадори за градење на почесен и поеднаков свет. А бидејќи нашиот глас е посилен, ова е наша должност и обврска, особено земајќи предвид дека ние раководиме со социјалните мрежи, медиумите и системите за градење перцепции. Промовирајќи јогурт, можеме да обезбедиме фонд за социјално загрозени семејства, правејќи кампања за патики можеме да спасиме нечиј живот, работејќи на нова модна колекција можеме да намалиме гендер стереотипи и тн. Ова е втора деценија како каузалниот маркетинг ја доминира глобалната маркетинг сцена, а постојат научни емпириски докази дека публиката и купувачите овој пристап го преферираат. Би сакала да го видам овој тренд повеќе и локално.
Која ти е најнеомилена кампања и зошто?
Мислам дека треба законски и етички да се осудат кампањите кои ги засилуваат стереотипите по био кој основ: пол, раса, култура, религија, возраст, како и кампањите кои го објективизираат женското тело и секако кампањите кои содржат невистини по било кој основ. Етиката во комуникациите, особено во дигитална ера е повеќе од потребна.
Раскажи ни за искуството како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster?
При секое искуство на предавање знаење, исто така учам и јас, па оттука, ова го гледам како реципроцитетен процес. Навистина е инспиративно да се биде дел од една прогресивна средина, која е силно ориентирана кон дигиталната трансформација преку едукација. Креативно и поттикнувачки и за мене како инструктор е да се предава на студенти со силни различности од апсект на едукација, возраст, професија кои преку својата работа ја претвораат училницата во хаб на идеи, инспирации и прогрес. Да се сведочи трансформацијата на студент е едно од најубавите доживувања на секој предавач.
На кој начин и со што можеме да станеме уште подобри маркетери? What’s your ‘extra mile’?
Прво, чувствувам потреба да кажам гласно дека сите треба да ја разберат интердисциплинарноста и мултидисциплинарноста на оваа индустрија која обединува повеќе области: технологија, менаџмент, економија, дизајн, психологија, социологија и доколку сте во образование и методологија. Второ, најгалсно апелирам веднаш да престане поделбата на дигитален и традиционален маркетинг, која не само што е смешно – погрешна, туку и штетна во образовниот процес. Да се сведочи четвртата технолошка револуција, уште повеќе да се биде активен учесник во истата и да се има на располагање неограничен број на алатки, аплкации, медиуми, канали и форми на комуникација, таа состојба налага, повеќе од било кога – холистички и стратешки пристап на маркетинг комуникациите, а пак тоа бара многу повеќе знаења и вештини од само фејсбук алатки.
Што би има препорачала на идните маркетери или оние кои размислуваат да започнат ваква кариера?
Би им препорачала да ,,Go for it, NOW”! Неважно што сте работеле или студирале, ослободете се од внатрешните дилеми и обидете се. Ова е растечка индустрија, солидно платена и гарантирано забавна!
Ако и ти размислуваш за ваква кариера, аплицирај на Академијата за дигитален маркетинг и резервирај го своето место!