На презентациите на своите завршни проекти, студентите од Академијата за дигитален маркетинг го покажа знаењето кое го стекнаа во изминативе шест месеци. Одлично ги испрезентира своите креативни идеи пред тимот на Brainster и пред своите колеги од група. Немаше простор за трема и срам, само меѓусебна поддршка и бодрење. Горди на секој од нив, го дадоа најдоброто од себе! Но, сите се согласивме дека еден студент најмногу „отскокна“ од групата. Our mouths dropped за време на неговата 40 минутна презентација. Од почеток на Академијата до самиот крај, посветен, истраен. Му поставивме неколку прашања за подобро да го запознаете, нашиот Игор Димов, веќе 10 години работи во Студио Модерна од кои 4 години на моменталната позиција: Визуелен мерчендајзер, организатор на настани и ТВ презентер. Студент на правен факултет-апсолвент (несуден адвокат, вели тој). Подоцна сфатил дека тоа не е патеката која сака да ја оди, дека повеќе е динамичен креативец отколку човек кој ќе се затвори во канцеларија со куп документи.

Како се одлучи за дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг го одбрав затоа што е најбрзорастечката дигитална дејност, затоа што е динамично поле, затоа што ми дава слобода да ја искористам мојата креативност максимално. Отсекогаш ми било предизвик да истражувам за психологијата на луѓето, нивното однесување, а тоа е тесно поврзано со маркетингот in general.

Раскажи ни за твоето искуство на Академијата? 

За Brainster дознав од другар кој беше во претходната група и беше навистина задоволен. Почнав да истражувам на интернет, да читам искуства и морам да кажам дека помеѓу сите опции за неформално образование, Brainster ги задоволи сите барања кои ги имав, а веќе после завршувањето, дефинитивно и ги оправда очекувањата. Часовите беа вистинско уживање за мене, не пропуштав ни еден час. Ми се допадна моментот што целата настава беше интерактивна и постојано бевме вклучувани во дискусија. Предавачите ни беа достапни за секакви консултации поврзани со тематиката, а нивниот пријателски пристап го правеше целото ова патување полесно и поинтересно. Дефинитивно учев од луѓе кои се врвни во својата област, стојат стабилно зад она што го кажуваат и се докажани долгогодишни маркетери. Со студентите од групата сме се уште во контакт. Навистина ми е драго што запознав исклучителни луѓе, доста интересни и паметни ликови. Договоривме средба после состојбава со вирусот и карантинот. Искрено се надевам дека добрите релации ќе ги оддржуваме уште долго време.

Зошто се одлучи да го изработиш својот завршен проект за La Familia?

Првично, кога ни беа дадени темите за завршни проекти, имав дилема и не знаев за која да се одлучам. Имав неколку опции, меѓутоа на крај победи La Familia. Се одлучив за овој проект затоа што ми претставуваше предизвик: Тука можев да искористам буквално се што учев изминатите 6 месеци, можев да видам до каде сум и колку вистински ми влегло во глава она кое како знаење го добивавме од Бреинстерци низ сите модули. Исто така, ми беше предизвик и моментот што концептот кој го замислив беше сосем спротивно од она што они го имаат како бренд приказна, па сакав да си докажам на самиот себе си дека сум способен да изградам комплетно различна бренд стратегија, со примена на сите маркетинг алатки.

Раскажи ни за процесот на подготвка на истиот? Како го изврши истражувањето за фирмата?

Подготвувањете не беше воопшто лесно како што првично мислев. Истражував доста, навлегов длабоко во целата приказна, дури го изгледав и серијалот „Кум” кој што е главен печат во нивната досегашна бренд стратегија и бренд идентитет. Почнав да се будам и да легнувам со моментот La Familia, по цел ден размислував за брендот, секакви идеи ми поминуваа низ глава, дел ги рафинирав, а дел ги размислував дополнително, ги вајав до совршенство. Целиот процес беше една трка која што морав да ја завршам и да се потрудам тоа да биде со добар резултат.

Кој дел при изработка на стратегијата ти беше најголем предизвик за завршување? Како ги примени сите вештини што ги научи на Академијата? 

На почетокот бев расеан, збунет, се почувствував како Сизиф кој постојано ја турка карпата по планината, но пред крајот таа му се тркала надоле. Многу често ќе направев нешто и веќе наредниот ден го гледам и сфаќам дека не е тоа тоа. Ми требаше време да ги скоцкам сите мисли и да почнам од еден здрав почеток. После тоа веќе се беше полесно, секоја наредна етапа беше надополнување на претходната. Најтежок дел ми беше промената на бренд идентитетот, промената и дизајнот на ново лого и интернет страна. Најголемиот предизвик ми беше изработката на SEO стратегијата затоа што ова ми е еден од најважните модули од дигиталниот маркетинг, како и стратегијата за маркетинг на социјалните мрежи. Интересно беше што во целиот процес на изработка, сами од себе ми доаѓаа мисли и сеќавања од часовите, од алатките и „маркетинг триковите” кои ги изучувавме. Дефинитивно, ништо од тоа немаше така да изгледа без знаењето и вештините кои ги стекнав во Brainster.

Што ти беше најинтересно? Кој дел од дигиталниот маркетинг би рекол дека најмногу ти „лежи“?

Дефинитивно SEO е она кое ми е најголем предизвик и еве сега, после завршувањето на Академијата, не запирам со учење и постојано следам новости во оваа област, гледам вебинари и испробувам нови алатки. Исто така, Social Media Marketing , како неизоставен дел од маркетингот кој денес го познаваме е нешто што и пред Академијата ме влечеше, а сега уште повеќе. Сега пред себе имам нов предизвик кој сакам да го исполнам , а тоа е Веб и Графички дизајн. Сериозно размислувам да ја посетувам и таа Академија и да се стекнам со нови вештини.

Според тебе, што е потребно за еден маркетер да е добар маркетер?

Добар маркетер треба секогаш да биде „буден” и да следи се што се случува на светска и домашна сцена. Постојано да учи и да се надградува. Ова е навистина динамична професија која не трпи пасивност. Добар маркетер се одликува со креативност, оригиналност, око за естетика… Добар маркетер мора да биде добар психолог, да знае да препознае потенцијал. Треба да се дружи со толпата, но да се движи побрзо од нив, бидејки тука „утрешната вест е веќе стара вест”. И на крај, добар маркетер никогаш не треба слепо да се вљубува во својот проект, бидејки така нема да може да ги согледа недостатоците.

Што би им препорачал на сите што размислуваат да започнат кариера во дигитален маркетинг?

Би ги охрабрил сите оние кои се двоумат, да го направат правиот чекор и да се запишат на Академија. Би ги охрабрил сите оние кои имат креативност и жед за учење нови нешта, да пробаат и да се впуштат во целата приказна наречена Дигитален маркетинг. Би ги охрабрил сите оние кои мислат дека е доцна и дека се стари за учење, да го направат тоа уште веднаш. Никогаш не е доцна за стекнување со нови знаења и вештини. Би ги охрабрил сите оние кои мислат дека немаат време за дополнителни обврски, да започнат со изучување. Време имаме во изобилие, само треба добро да го организираме.

Останаа уште неколку слободни места. Аплицирај тука и резервирај го своето уште денес!