Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Web апликациите се mainstream, доверлив начин за да се испорача content и продукт. Но во преплавен маркет, како да направиш твојата апликација да е корисна, релевантна и да привлекува корисници?
Со овие 5 UX Design tips, твојата апликација е чекор поблиску до одличен продукт.
Еден екран, една задача
Намали го времето потребно за извршување на задачата.
Секој екран (screen) што го дизајнираш, не треба да има повеќе од едно call-to-action копче. Треба да има само една цел со реална вредност за корисност. Вака интеракцијата е полесна и поедноставна за разбирање. На пример: Uber знае дека целта на нивната публика е да најде превоз. Апликацијата не изобилува со премногу информации, автоматски ја зема локацијата на корисникот и единствената работа која корисникот треба да ја направи е да избере локација.
Invisible User Interface
Контентот станува UI
Фокусирај се на добар content и избриши ги непотребните елементи кои не играат никаква улогa во извршување на задачата. Стави го фокусот кон информациите кои му требаат на корисникот за тој да може веднаш да го најде тоа што му треба. Content-от станува UI. Google Maps e одличен пример – сите непотребни копчиња се отстранети за мапата да биде UI.
Whitespace
Користи whitespace за да привлечеш внимание на поважниот content.
Whitespace, односно празното место помеѓу елементите честопати е игнорирано и запоставено. Голем број на дизајнери мислат дека whitespace уништува голем дел од екранот, но всушност тоа е основен елемент за мобилен дизајн. Тоа ја подобрува видливоста, читливоста и игра голема улога за визуелен изглед. Во голема мера, го поедноставува UI и го подобрува UX.
“Whitespace е активен елемент, а не пасивна позадина” – Jan Tschichold
Едноставна навигација
Self-evident nav bar.
Мобилната навигација мора да биде видлива, достапна и да зазема малку простор. Предизвикот е навигацијата да биде лесно достапна со оглед на тоа дека мобилните имаат мали екрани и има потреба да се оптимизира content-от. Bottom navigation се навистина прифатливи за апликации со малку опции. Добрата страна е во тоа што ги имаш сите опции и со еден допир можеш да одиш од една на друга страна.
One hand operation
Adapt your design to the bigger screens
Секој ден излегуваат нови уреди со различна големина на екранот. Оптимизирај го твојот сајт за сите уреди. 85% од корисниците го користат својот мобилен со една рака. Ова можеш да го искористиш за да го адаптираш твојот дизајн. Идејата е твојата апликација да биде едноставна за користење и на поголеми екрани со една рака. Навигацијата секогаш треба да е во дофат на палецот.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.