Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Едноставен, точен и концизен текст гради доверба. Еве ти листа од 10 работи кои треба да ги избегнеш:

Сложен content со доста детали

Во поголем дел од случаевите, не е потребно детално објаснување при првата интеракција. Подобро е да ги покажеш деталите за продуктот кога корисникот навистина ќе има потреба од нив. За секоја порака, запрашај се себеси: дали корисникот навистина има потреба од оваа информација? Пишувај во мали сегменти, наменети за скенирање. Не повеќе од 30 збора, кога е возможно.

Мешање на “мене/мое” со “тебе/твое”

Може да дојде до забуна на корисникот, во зависност од контекстот.

Лоша пракса: “Смени ги твоите преференци во Мој Профил”.

Добра пракса: “Смени персонални преференци во Мој Профил”.

Зборови наместо броеви

Ефективно користење на местото на екранот – користи броеви наместо зборови за броеви.

Лоша пракса: “Имаш три нови пораки”.

Добра пракса: “Имаш 3 нови пораки”.

НИE

Фокусирај се на тоа што може корисникот да направи со твојата апликација, наместо тоа што ти или твојата апликација правите за корисникот.

Лоша пракса: “За да започнеме, ќе ти ги покажеме најпопуларни постови”.

Добра пракса: “Започни со овие популарни постови”.

Често користени фрази

Намали ги непотребните зборови. Користи едноставни зборови и директен јазик за корисниците да разберат.

Лоша пракса: “Дали би сакал да ги сочуваш твоите промени?”.

Добра пракса: “Зачувај ги промените?”.

Крајности и премногу давање ветувања

Никогаш не вели “никогаш” е одлично правило.

Лоша пракса: Никогаш повеќе нема да ти праќаме маил”.

Добра пракса: “Ќе ти праќаме само важни информации”.

Преголеми објаснувања

Избегнувај ги преголемите објаснувања, кои звучат како наредба или викање.

Лоша пракса: “Научи за новите карактеристики на апликацијата”.

Добра пракса: “Добредојде”.

Обвинување на корисникот

Ако сакаш твојот бизнис да расте, не ја обвинувај твојата публика. Дај му фидбек на корисникот така што нема директно да го обвинуваш за грешката. Фокусирај се на проблемот на корисникот, не на грешката.

Лоша пракса: “Имате внесено погрешен маил”.

Добра пракса: “Маилот не може да биде искористен. Ве молиме, проверете дали имате некоја грешка во пишување”.

“Дали си сигурен?”

Ретко кога оваа фраза некогаш менува нешто.

Лоша пракса: Дали си сигурен дека сакаш да ја избришеш оваа фотографија?”.

Добра пракса: “Избриши ја оваа фотографија”.

Сите големи букви

Сите големи букви е добра пракса за опис на лого или акроними. Кога твојата порака има повеќе за читање, не го користи. Се намалува брзината на читањето, во споредба со малите букви.

Лоша пракса: ПРЕБАРУВАЈ ТАЛЕНТИ”.

Добра пракса: “Пребарувај таленти”.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!