Богато портфолио на 14? Кариера пред 24? Да, возможно е – ова се NU средношколците и проектите на кои работеа

Проекти со стратегија.
Кампањи со јасен концепт.
Веб-страници и интерактивни решенија што изгледаат како да се создадени од искусни професионалци.

А сепак, зад нив стојат средношколци. Млади луѓе кои не чекаа да наполнат 24 години за да почнат да стекнуваат реални вештини, туку почнаа на 14.

Кога на 14 години учиш да размислуваш како креативец, маркетер или програмер, не влегуваш во светот на професиите како почетник. Влегуваш подготвен. Со портфолио. Со искуство. Со самодоверба.

Ова се нивните приказни:

ФРОСИНА ЗАХДА – средношколец на NU академијата за Дигитален маркетинг × AI

Фросина е дел од тимот кој ја создава најголемата платформа која им дава глас на средношколците.

Таа е една од водителите на NU Starz, првиот и единствен поткаст создаден од средношколци за средношколци, каде отворено, искрено и без цензура се зборува за темите што навистина ја интересираат нивната генерација. Преку разговори за креативноста, дигиталниот свет, предизвиците, амбициите и иднината, поткастот создава простор каде младите не се само слушатели, туку активни креатори на содржина и идеи.

Учеството во NU Starz за Фросина не претставува само медиумско искуство, туку и процес на личен и професионален развој, преку кој учи како да комуницира јасно, да организира содржина, да размислува стратешки и да создава вредност за публиката.

-Поткастот има посебно место во моето срце и вложувам многу време и енергија во него, затоа што сакам да биде најдоброто нешто што го создавам во овој период. Не е секогаш лесно, но учам подобро да го организирам времето и да најдам баланс, вели Фросина.

Покрај тоа, Фросина работеше и на маркетинг кампања за Scoober, единствената македонска платформа за услуги за миленици. Наместо да создаде површна кампања, таа навлезе подлабоко во приказната.

-Никогаш претходно немав милениче, па решив навистина да ја разберам таа одговорност.

Интервјуирав сопственици, истражував за нивното секојдневие и создадов креативно видео што ме издвои, заклучува таа.

Фросина е дел од хакатоните, креативните предизвици и проекти за реални клиенти, како кампањата за социјални мрежи за Adidas, каде клиент беше Sizeer.

Тимот на Фросина Захда најмногу се фокусирал на видеата, бидејќи според нив, тие најдобро перформираат на социјалните мрежи.

-Се фокусиравме на тинејџерски стил: креативни идеи, необични кадри и чудни агли на снимање и фотографирање. Користевме повеќе креативни визуели кои отскокнуваат од класичниот изглед и привлекуваат внимание. Најголем фокус ставивме на видеата, бидејќи сметавме дека токму видеото е форматот што денес најмногу се консумира на социјалните мрежи, објаснува Фросина.

БОРЈАН ГАПИЌ – средношколец на NU академијата за Дигитален маркетинг × AI

Како дел од бројните проекти на кои работел, Борјан не се задоволи со стандардна кампања. Тој создаде победничко решение за Scoober, комбинирајќи дигитална и офлајн стратегија.

-Се издвоив затоа што не останав само на дигитална кампања, туку осмислив и целосна офлајн стратегија што природно генерира органски контент и ја вклучува публиката, објаснува тој.

Неговата креативност продолжи и во маркетинг кампањата за Adidas, клиент Sizeer, каде ја имаше улогата на креативен директор.

-Најинтересно беше што идеите што ги замислив навистина ги реализиравме. Од концепт до изведба, го видов целиот процес“, вели Борјан.

Тој е и дел од тимот на NU Starz, како продуцент кој помага во организацијата на гостите, темите и концептот.

Додека многумина со вакви проекти се среќаваат дури по влегувањето на пазарот на труд, Борјан веќе го имаше тоа искуство уште во средно образование.

ЛИНА БЕЛЕВСКА – средношколец на NU академијата за Графички дизајн × AI

Кога работеше на логото за Adstract, Лина не пристапи кон задачата како кон уште една дизајнерска вежба, туку како кон реален бриф што бара јасен концепт, разбирање на брендот и способност визуелно да се комуницира неговиот идентитет. А тоа ѝ го донесе и победничкото решение.

-Следев насоки, но пристапив со поинаков агол на размислување. Наместо да размислувам само како да изгледа логото, размислував што треба да комуницира и какво чувство треба да создаде. Верувам дека токму тој пристап ме издвои.“

Нејзиното решение беше технички добро изведено но и концептуално јасно и доволно силно за да се издвои меѓу останатите, поради што беше избрано како победничко решение од страна на клиентот.

Сличен пристап Лина и нејзиниот тим применија и за време на хакатонот за Ј.П. Лајка, каде пред нив стоеше предизвик да создадат кампања што ќе поттикне вдомување на бездомни кучиња. Наместо да комуницираат од перспектива на институцијата или на публиката, тие одлучија приказната да ја раскажат од перспектива на кучето, создавајќи емотивен и поинаков концепт што ја приближува темата до луѓето на лично ниво.

-На почетокот не знаевме од каде да тргнеме, но преку разговори, идеи и заедничко размислување постепено го изградивме концептот. Сакавме луѓето не само да ја видат пораката, туку и да ја почувствуваат“, објаснува таа.

Лина е и дел од тимот на NU Starz и наскоро ќе ја гледаме и премиерата на поткастот.

ДАВИД ДЕНКОВСКИ – средношколец на NU академијата за Web Development × AI

Веб-страницата за Школа за гитара Бојкоски беше прв целосен проект на Давид Денковски: од идеја, до дизајн и финална верзија што функционира. Сам ја постави структурата, одлучи како ќе изгледа и како ќе се движи корисникот низ неа, а потоа со помош на AI алатки ја подобри и доработи.

-Сам ја направив страната од нула. Преку овој проект навистина ги разбрав HTML и CSS и сфатив дека можам да создадам нешто што изгледа професионално“, објаснува тој.

Следниот проект: интерактивна игра за Витаминка.

Наместо само веб-страница, Давид создаде искуство. Кликнуваш, играш, собираш поени.

-Фокусот беше на користење на JavaScript и AI алатки за креирање интерактивна игра. Проектот започнува со топче на почетната страница што води до играта, каде целта е да се погодуваат смоки и чоколади и да се собираат поени“, објаснува Давид.

И додека повеќето средношколци сè уште се запознаваат со основите, Давид веќе создава свои веб-страници и интерактивни проекти. И секој нов проект е следно ниво.

НИНА ВУЛОВСКА – средношколец на NU академијата за Web Development × AI

Веб-страницата за Dento Medical беше еден од проектите каде Нина за првпат виде како идеја станува вистинска, функционална веб-страница. Користеше AI алатки за да постави основа, но не застана таму. Почна сама да го чита кодот, да го менува и да го прилагодува, сè додека страната не изгледаше и не функционираше точно како што замислила.

-Ја користев AI алатката како почетна точка, но потоа го менував кодот што не ми се допаѓаше. Така почнав подобро да разбирам како функционира и како можам сама да го подобрам.“

Овој процес ѝ покажа дека AI не е замена, туку алатка. Контролата останува кај креаторот.

Следниот проект беше интерактивна игра за Витаминка. Наместо класична веб-страница, создаде нешто што бара акција. Кликнуваш, играш, собираш поени. Веб-страницата веќе не е само нешто што го гледаш. Таа реагира на тебе.

-Најинтересно беше што можев да направам нешто интерактивно. Сфатив дека можам да создадам нешто што луѓето навистина ќе го користат, не само да го гледаат.“

Тоа е моментот кога престануваш да бидеш ученик. И почнуваш да стануваш креатор.

Ова се само дел од многуте слични, но подеднакво успешни приказни на NU средношколците. Затоа што зад секој од овие проекти стои нешто повеќе од финален резултат.
Стојат часови истражување, работа на реални брифови, почитување рокови, соочување со предизвици, учење од грешките и континуиран напредок.

Кога младите почнуваат да работат на реални проекти на 14 години, тие не чекаат диплома за да станат подготвени. Затоа што вештините за високоплатените професии не се стекнуваат на 24, туку на 14 години.

📩 Последни 48 часа за стипендии до 30.000 денари.
Аплицирај ТУКА и започни да го градиш твоето портфолио денес.

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!