Студентите на Академијата за човечки ресурси добија шанса да ги применат стекнатите знаења и вештини преку завршниот проект за клиентот Causal Capital.

Разговараме со Ивана Досева Димовска, студентка од Академијата, која ни раскажа за целокупниот тек на проектот и работата на истиот, а ни кажа и како ја помина Академијата и кои се нејзините впечатоци:

Здраво Ивана! Ти си студент од Академијата за Човечки Ресурси кој покажа одлични перформанси за време на предавањата. Сподели ни нешто за себе.

По професија сум дипломиран правник, со положен правосуден испит, на работна позиција која вклучува меѓународна размена на информации. Овој работен ангажман ми овозможи да запознаам многу луѓе од други земји, различни култури и однесувања. Ми помогна да увидам колку е значајно вистинскиот човек да биде на вистинската работна позиција. Ми побуди интерес да стекнам повеќе знаење за управувањето со човечки ресурси, кое пак отсекогаш ми било поле на интерес. Сметам дека „негувањето“ на добриот човечки капитал во една организација е неопходно, бидејќи вработените се сопственици на процесите и двигател на позитивните промени во една организација.

Се пронајдов во управувањето со човечки ресурси бидејќи ЧР вклучува не само правни аспекти, туку и познавање на психологијата на човекот и анализа на социјалните однесувања, кои исто така ми биле области од интерес.

Раскажи ни нешто повеќе за завршниот проект. Што беше идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Во однос на теоретскиот материјал, завршниот проект бараше знаење од сите претходни лекции и модули од Академијата: организациска култура, аналитика на човечки ресурси, организациски дизајн, менаџмент на перформанси на вработените, учење и развој на вработени, регрутација и регрутациски стратегии…

Преку завршниот проект, стекнатите знаења ги ставивме во пракса, анализирајќи податоци и документи од конкретна компанија – во нашиот случај Causal Capital Emporia и предложивме своја стратегија за човечки ресурси.

Тргнав со идеја да се соживеам со компанијата и да се ставам во улога на вработен, потоа направив SWOT анализа на фирмата и на постоечката стратегија за човечки ресурси, за да можам да дадам свои согледувања, да увидам потенцијални гапови и да дадам предлози за подобрување на процесите.

Притоа, се водев од тоа дадените предлози да бидат реално применливи во компанијата и да може да бидат имплементирани во краток и среден рок.

Јас изготвив сеопфатен Извештај, кој содржеше анализа, предлози во однос на организациски дизајн и структура, KPIs, мотивација и оценување на вработените и стратегии: employer branding, employee retention, employee branding, people strategy и др.

Кои беа барањата од страна на клиентот?

Клиентот очекуваше детален извештај со активни препораки за подобрување на стратегиите за човечки ресурси, развој на луѓе, регрутирање и KPI, вклучувајќи јасна документација, план за обука и презентација на наодите за ефективна комуникација.

Притоа требаше задолжително да бидат вклучени следните елементи: План за регрутирање, Организациски дизајн и структура, Дефинирани KPI на вработените, Предлози за мотивација и оценување на вработените, План за учење и развој на вработените и Дефинирана стратегија за „луѓе“.

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Инспирацијата доаѓаше од потребата да се заокружи целиот процес успешно. Коренот е во аналитиката, а вербата во својот продукт/решение е основа за негово успешно презентирање, за да и клиентот ја сфати и прифати предложената идеја/решение, притоа да може јасно да согледа како тоа решение може да се прилагоди и имплементира во фирмата.

Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ти требаше да дојдеш до победничкото решение?

Времето за изготвување на проектот ни беше некако кратко, а информации и идеи премногу…

Ако ги земам во предвид работните и семејните ангажмани што ги имав баш тој период, со многу рокови што требаше да ги запазам, задоволна сум од крајното решение и предложената стратегија за човечки ресурси.

Времето ни беше дадено согласно календарот на конкретната Академија на Бреинстер и во комуникација со клиентот, па од брифингот со клиентот до доставување и презентирање на проектот имавме на располагање 3 недели.

Круцијална беше анализата на статистичките податоци што ни беа доставени, постоечките HR документи, како и самостојната анализа на веб страната на клиентот, нивниот LinkedIn профил, како и анализа на конкурентните компании во таа дејност.

Генерално, за успешно завршување на проектот беше потребно: добра анализа, совладан материјал од сите претходни модули и соживување со компанијата.

И за крај, како си помина на Академијата, што можеш да ни раскажеш?

Јас Академијата ја гледам како еден мој успешен проект. Излегов од зоната на комфор, си поставив предизвик пред себе успешно да си го изменаџирам времето и да ги совладам модулите од академијата. Мислам дека баш ова „жонглирање“ со времето, со сите постоечки обврски што ги имаат сите студенти е најголемиот предизвик.

Мене Академијата ми беше корисна не само во однос на надградување на знаењето на темата човечки ресурси, туку и на личен план. Ми помогна подобро да се спознаам себеси, да ги подобрам презентациските способности, да ги развијам аналитичките способности… Дознав многу нови алатки и платформи, кои досега не сум имала прилика да ги користам.

Во исто време, ми овозможи да запознаам нови луѓе, со кои инаку не би ни се вкрстиле патиштата, а кои се толку позитивни и инспиративни и ми беше навистина чест што можев да ги запознаам. Тука ги вклучувам и инструкторките, кои ни станаа и role model и кои беа голем извор на информации и професионални искуства во полето на човечките ресурси.

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за човечки ресурси за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.



Како до 1.000.000€? 🤫