Запознај ја Ивана Досева Димовска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец јули 2023.
Име и презиме: Ивана Досева Димовска
По професија: Правник
Академија: Академија за човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Оваа област отсекогаш ми била интересна и сакав да научам повеќе за управувањето со човечки ресурси. Човечкиот капитал е срцето на секоја институција и сè повеќе се зголемува свесноста за важноста на човечките ресурси и значењето на нивното правилно планирање, овозможување континуирана обука и учење на вработените и задржување на квалитетниот кадар.
Што те мотивира постојано да учиш: Желбата за лично надградување, отварање на нови видици и совладување на нови предизвици.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Колку дигиталните алатки може да помогнат во забрзување на исполнување на задачите во делот на човечките ресурси, толку повеќе квалитетниот HR менаџер може со своите лични карактеристики и емоционална интелигенција да придонесе да се избере вистинскиот кандидат за одредена позиција, да се задржи и вистински да се мотивира квалитетниот вработен кој носи дополнителна вредност на компанијата/организацијата.
Омилен модул и зошто: Во секој модул имам омилени и помалку омилени делови, но од досегашните модули би го издвоила модулот „Регрутација, селекција и онбоардинг“. Ни даде увид во сите вештини кои треба да ги поседува еден регрутер, а од друга страна ги научивме начините и стратегиите преку кои регрутерите доаѓаат до кандидати. Регрутерите треба да комуницираат со различни личности и карактери, да идентификуваат дали кандидатите ги имаат соодветните вештини за позицијата, треба одлично да ја познаваат компанијата и да имаат искуство со технологии.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се супер, нè поттикнуваат да размислуваме како HR и со свои лични примери и искуство ни ги прикажуваат предизвиците на оваа професија. Најголем впечаток ми остави инструкторката Александра Тасевска за време на одржаните менторски, односно coaching сесии.
За 5 години сакам да бидам: Успешен тим лидер.
Хоби: Читање книги
Омилена книга: Последно прочитана: „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден” од Рафаела Жордано.
Омилен цитат: “Your attitude, not your aptitude, will determine your altitude!“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
