Запознај ја Ирена Маркоска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за септември 2024.  

Мојата позадина е…

Магистрирав на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Имам кратко работно искуство во основно училиште како секретар, за потоа да се вработам во Основно јавно обвинителство Скопје каде веќе 10 години работам како соработник во одделението за човечки ресурси.

Областа ја избрав затоа што…

Како што и спомнав јас веќе работам во областа на човечките ресурси, ја сакам работата со луѓе, нејзината разновидност и динамичност. Можноста да ја научам суштината, новите трендови и подлабоко да навлезам во оваа област беше тоа што ме натера да се запишам на оваа академија.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Дека вработените се нашите клиенти и дека наша мисија е тие да бидат задоволни и исполнети, често ќе се најдеме во најразновидни улоги, некогаш ќе бидеме слушатели, некогаш ќе треба заедно да споделиме тага, некогаш радост, но тоа е она што оваа професија ја прави уникатна и никогаш досадна.

Најгорда сум на…

Секоја успешна задача и секој коментар од инструкторите ми е особено драг и навистина ми значи. А посебно се гордеам што академијата досега многу ме промени како личност, на позитивно секако. 

Мојот омилен модул е…

Секој модул е посебен и интересен на свој начин, но посебно ќе го издвојам модулот Организациска култура.Овој модул беше нешто ново за мене и ми беше особено интересно како преку еден збир на однесувања и норми на вработените се дознава културата на компанијата и која е нашата улога како дел од човечки ресурси.


Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за човечки ресурси!


Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Не би можела да издвојам некој посебно, бидејќи сите се посебни на свој начин. Од сите многу научивме и собравме знаење и совети кои многу ќе ни помогнат во кариерата во иднина.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Многу работи и совети од инструкторите веќе ги применувам на работа, поисполнителна и самоуверена сум во извршување на работните обврски. Работата во човечки ресурси сега ја сакам многу повеќе од претходно и мислам дека не би се пронашла во ниту една друга област.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Учете и надградувајте се и вратите на иднината секогаш ќе ви бидат отворени. Оние што вложуваат во себе и своето знаење, никогаш не тапкаат во место.