Ангела Петровска Авдиќ – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси

Запознај ја Ангела Петровска Авдиќ – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец декември 2023.

 

Име и презиме: Ангела Петровска – Авдиќ

По професија: Логистичка поддршка во Амазон – Германија

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Затоа што отсекогаш сум била заинтересирана за поттикнување на позитивна работна средина и за максимизирање на потенцијалот на вработениот во една организација.

Што те мотивира постојано да учиш: Моето живнотно мото е: „Учи додека си жив“. Со постојано ажурирање на мојот сет на вештини, се позиционирам себеси да бидам проактивен и прилагодлив професионалец за човечки ресурси, способен да одговори на потребите на вработените и организациите кои се развиваат. Оваа посветеност на доживотното учење не само што има корист во мојот личен и професионален развој, туку исто така гарантира дека можам ефективно да придонесам за успехот на кој било тим или организација во која сум дел. Воедно сето ова е и мојата мотивација.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како да пребарувам кандидати на LinkedIn и како да се служам со другите алатки за пребарување. Интересен ми беше делот со равенката за пребарување и како Google според одредени алгоритми ги дава потребните резултати.

Омилен модул и зошто: Управување со перформансите на вработените. Во суштина, мојата страст за управување со перформансите на вработените произлегува од вербата во неговата трансформативна моќ, не само да го поттикне индивидуалниот раст, туку и да придонесе значително за успехот на организацијата преку создавање на работна сила со високи перформанси, ангажирана и мотивирана.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најголем впечаток ми остави инструкторката Викторија Дамчевска, која исто така на мое големо задоволство ми беше доделена како ментор за менторските средби. Исто така, и инструкторката Фросина Зафировска.

За 5 години сакам да бидам: Cool HR генералист 🙂

Хоби: Возење точак

Омилена книга: Има неколку, но моментално „Кога телото вели не“ – Габор Мате.

Омилен цитат: „Ако сакаш да го промениш светот, оди дома и сакај го своето семејство“.

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на менаџментот на човечки ресурси!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за човечки ресурси и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.