4 компании за кои сте слушнале благодарение на Growth Marketing

Легендата вели дека „голем маркетинг буџет = успешен пласман на пазарот“, но некои од сега веќе најпознатите компании во светот, успехот го должат токму на growth marketing – генерирање раст преку речиси бесплатни техники за промоција.

Growth marketing е процес на брзо експериментирање низ маркетинг инката, односно применување на трикови кои се навидум необични и неконвеционални, но имаат потенцијал да станат најефективниот катализатор за раст на бизнисот.

Иако секоја компанија е уникатна во својата индустрија и бизнис модел, се надеваме дека овие идеи ќе ви помогнат да ја поттикнете сопствената креативност, за да може да ја проширите својата база на корисници и се разбира, да го зголеми профитот.

Во овој текст одвојуваме 4 имиња кои ни се нам веќе блиски и познати, и ни е посебно драго што ги анализираме нивните досетливи методи за поголем раст од што веројатно сонувале.

Dropbox

Dropbox е компанија позната по креативни growth hacks, и заслужено ја сместивме на листата на компании кои употребиле сериозно добри стратегии за раст. Dropbox примени гејмификација уште при почетниот процес на користење на овие услуги, и им понуди на корисниците повеќе бесплатно складирање на податоците со тоа што ќе го поврзат нивниот Dropbox акаунт со Twitter и Facebook, или споделат информации за Dropbox на тие социјални мрежи. Oва е пример за многу ефикасен начин за привлекување нови корисници и за експоненцијален раст.


Source: expertreviews.co.uk

Shazam

Понекогаш, за да пораснете, треба да го привлечете вниманието на луѓето офлајн. Токму тоа го направи Shazam. Бидејќи апликацијата им помага на корисниците да идентификуваат песни преку слушање на музиката или текстот, ги охрабри сите да станат и да се приближат до звучниците на јавни места, со што се привлекуваат погледите и интересот на останатите во просторијата. Инстатниот word-of-mouth функционира, и апликацијата сега е симната повеќе од милијарда пати!

Source: shazam

Slack

Slack е познат како еден од најбрзо растечките B2B бизниси. Главната тајна на нивниот успех беше идентификувањето на проблем кој луѓето не знаеа дека го имаат, за потоа да ги снабдат со решението. Тој проблем е ниска продуктивност и зголемен стрес поради слаба комуникација, и Slack е начинот на кој тоа ќе се подобри.
Компанијата го комбинираше тоа заедно со freemium моделот, и препораки од постоечките корисници. Тоа одлично функционираше и им донесе над 500,000 корисници дневно, во само една годинa. Сега веќе надмина 10 милиони корисници.


Source: techcrunch


Hubspot

Креирањето на бесплатна алатка е докажан growth hacк, кој супер функционираше за Hubspot. Hubspot стана познат по давањето бесплатни информации за да помогне на своите корисници, и таа алатка е позната како „website grader tool”.
Оваа алатка им помага на корисниците да го оценат нивниот сајт за SEO, колку е респонсивен на мобилен и колку е брз, за да може да ги оптимизираат тие страници. И врз основа на тоа што мораш да се регистрираш за да добиеш извештај за твојот сајт, Hubspot ја изгради својата еmail листа. Во 2015, основачот на компанијата Dharmesh Shah токму на оваа алатка и’ додели најголема заслуга за растот на компанијата за 15,000 корисници, и 1.6 милијарди пазарна вредност.



Source: website.grader

 

Ако стана љубопитен за слични вакви трикови и препораки, и пошироко знаење за концептот на growth marketing, погледни го PopUp курсот за Дигитален Маркетинг со Петар Ниновски, еден од најпопуларните во Brainster.

Related Stories For You