Покрај тоа што има израснато во уметничко семејство Матеа Шумковска сепак првично имаше решено да започне кариера во сосема поинакви води. После дипломирањето на економски факултет има работено 8 години во банка. Сепак, како што и самата кажува „човек не може да избега од тоа што го носи во себе како најсилен порив па така, тоа што е во нас ќе си го најде патот“.

По завршувањето на Академијата за дизајн почна да работи во Genera Development. И се допаѓаат новата динамика на работа и креативно опкружување.  Иако можеби делува како доста ризичен чекор да се замине од сектор кој важи за стабилен и да се тргне по креативен пат сепак смета дека ја има направено вистинската одлука. А на сите оние кои се размислуваат да тргнат по сличен пат би им кажала да си го следат поривот и да пробаат.

Од работа во банка до графички дизајнер? Како се одлучи за ваков чекор?

Порасната сум во уметничко семејство. Растев со модни дизајни, театар, штафелаи, бои, скици. Сепак завршив Економски факултет и работев 8 години во банка. Целата трансформација имаше природен тек бидејќи потребата и интересот за креативно изразување никогаш не стивнаа.

Академијата ми беше отскочна даска. По нејзиното завршување се отворија многу шанси и одлуката беше лесна. Секогаш имаме страв од промени, меѓутоа сега чувствувам дека како графички дизајнер престанувам да работам и почнувам да уживам изразувајќи се низ понапредни ликовни изрази од оние кога бев дете, потпомогнати со современи технолошки алатки.

Верувам дека човек не може да избега од тоа што го носи во себе како најсилен порив па така, тоа што е во нас ќе си го најде патот.

Многу од луѓето кои доаѓаат на интервјуа за академијата, сметаат дека е потребно некакво претходно искуство и имаат страв дека нема да бидат доволно добри за креативна професија.

Дали ти имаше некакво претходно искуство и стравови во врска со започнување на оваква кариера?

Немав претходно искуство со графички дизајн, меѓутоа отсекогаш цртам и имам талент за handcrafting но сметав дека ми недостигаа технички и дигитални вештини.

На Академијата се стекнав со знаења кои ми помогнаа да ја канализирам целата креативност што ја имам. Се сретнав со ментори кои ја сакаат својата професија, и ни го дадоа своето знаење и искуство со што многу ме охрабрија а стравот се изгуби по првата недела.

Што најмногу ти се допаѓа во новата професија?

Има секојдневна динамика, секој проект е разновиден а најмногу ме радува тоа што секоја наредна задача бара различно решение. Особено важно ми е тоа што чувствувам дека човек со секој нов дизајн и секој нов ден може да расте во професионална смисла.

Кои квалитети и вештини мислиш дека треба да ги поседува еден графички дизајнер?

Графичкиот дизајн како професија сметам дека бара развиено чувство за естетика упорност, ентузијазам, секојдневно учење, надградување , упорност, ентузијазам, секојдневно учење, надградување и желба. Во моите очи се истакнуваат дизајнери кај кои освен како професија, дизајнот е дел од нивниот животен стил и се служат со него како алатка за изразуввање и надвор од професионалниот живот и работните обврски.

Уписите на Академијата за дизајн се во тек. Целaта програма можеш да ја видиш тука.