Еуролинк осигурување – Нов learning партнер на Академијата за дизајн

Портфолиото на еден графички дизајнер е она што ја дава вистинската слика за неговите способности. Затоа и работата на реални проекти е многу важен дел од нашата Академија.

Преку практична работа ќе ги изучиш релевантните вештини и ќе добиеш важен insight и фидбек од компании и професионалци. Додека учиш ќе започнеш да го создаваш твоето дизајнерско портфолио со кое во иднина ќе можеш самоуверено да се претставиш пред потенцијалните вработувачи.

Brainster Learning Partners програмата е создадена на нашите студенти да им пружи можност да соработуваат на тековни и идни проекти за компании кои сакаат да иновираат и менуваат. Нашето досегашно портфолио на Learning Partners е составено од корпорации, старт-апи, дизајн студија, мали и големи бизниси.

Затоа, ни претставува големо задоволство да откриеме дека отсега дел од компаниите-соработници на Академијата за Графички Дизајн е Еуролинк!

Еуролинк Осигурување е лидер во промоција на иновативни продукти и се етаблира на македонскиот осигурителен пазар со вреднуван имиџ на сигурна и стабилна компанија. 

Претставниците од Еуролинк осигурување ќе ја избрифираат нашата група на студенти на еден од часовите со спецификации за изработка на проект и ќе ги споделат очекувањата од истиот. Потоа, нашите инструктори ќе ги менторираат студентите низ процесот на работа додека не стигнат до финално решение.

Ако размислуваш за креативна кариера, разгледај ја програмата за Академијата тука! 

Related Stories For You