Dream Team – Студенти на месец септември

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец септември:

 

Ана Николиќ, студент на Академијата за Data Science

Мојата главна мотивација за учење е тоа што секогаш ми причинува самозадолоство кога ќе научам како работи нештото и сите тие технички детали. А потоа знаењето може да ти се најде во секојдневниот живот, да експериментираш, да истражуваш понатаму, да ти отвори нови можности или пак сам да измислиш нешто на темата. Ваквиот начин на учење прави комбинирање на теорија со нејзината примена во пракса, што очајно му фали на формалниот образовен систем кај нас. Hands-on пристапот ги прави часовите интересни, предизвикувачки и нема спиење на час. Имам екстремен интерес за Data Science, па по завршувањето на академијата би сакала да работам во областа и очекувам да бидам подготвена за реалните предизвици.” – ни кажа Ана.

 

Владимир Јорданов, студент на Академијата за дигитален маркетинг

Многу работи влијаат врз мојот постојан развој и учење, но пред сѐ ме мотивираат луѓето околу мене. Реалните луѓе, не оние од Форбс или Ted Talks, што живеат во други средини, под други услови. Желбата за нови знаења кај мене секогаш е поттикната од луѓето што се дел од моето секојдневие. Моите колеги кои можеби ја прават истата работа но на друг начин. Моите Менаџери, од кои секогаш учам со желба. Луѓе што немаат врска со мојата професија, но чија страст, амбиција и труд се мотивација и инспирација. Секако, не можам ни да го заборавам неформалното учење, што е и причината да се запишам во Brainster и да ја продолжам мојата едукација во правец што е поинаков од моето факултетско образование. Ваквиот тип на учење ми овозможува да стекнам знаења – на практичен начин, со работа на реални проекти и менторирање од луѓе што веќе покажале успех во одредена област во Македонија. Како што реков, за мене луѓето се секогаш мотивација да се надоградам, но и да пробам нешто ново, па многу ментори во Brainster навистина ми отворија нови погледи и начини на кои можам да се изградам професионално. Ги имам истите очекувања што ги имав и пред да започнам со академијата – а тоа е да се издигнам во професионалец не само во светот на дигиталниот маркетинг, туку и во маркетингот општо. Звучи можеби премногу генерично, но оставам деталите да се испрецизираат со мојата понатамошна примена на знаењата стекнати во Brainster, засилени со мојата желба за постојан развој и напредок. Не можам да погодувам што ќе донесе иднината, но едвај чекам да започнам едно ново (дигитално) поглавје.” – ни кажа Владимир.

 

Саманта Донева,  студент на Академијата за Software testing

“Учењето е најдобрата инвестиција во самиот себе, природната желба за истражување ме мотивира да учам и да се надградувам. Брзиот тек на секојдневието постојано ни нуди нови предизвици кои сакаме да ги совладуваме, а со континуирано учење, истото е возможно. Неформалното учење е одличен филтер за конкретни знаења, кои надополнети со практична работа се идеалната комбинација. Сигурна сум дека во понатамошната работа ќе имам многу моменти во кои ќе кажам “Аха, знам, ова го учевме”, но и ќе надополнам “…и го работевме на Академијата ”. Овој тип на учење ми ја даде вистинската насока кон остварување на мојата цел. Со Академијата си потврдив дека ова е патеката која сакам да ја искачувам во мојата кариера.  По завршувањето очекувам дека сигурно ќе имам можност да се реализирам како QA, автоматското тестирање ми е предизвик и би сакала да биде мое секојдневие. Знам дека благодарение на Академијата имам одлична основа и очекувам да ги применам стекнатите знаења.” – ни кажа Саманта.

 

Валентина Спасова, студент на Академијата за Графички дизајн

“Се прашував зошто го учам графичкиот дизајн? Можеби за подобра работа или за моите способности да можам да ги изразам преку дизајн. Но желбата за повеќе да научам нови работи и лично да се надоградувам ме совлада и затоа се запишав на Академијата. Сепак знаењето е моќ, нели. Како дипломиран графички дизајнер и знаењето од Академијата, сакам да го остварам мојот сон, да дадам свој придонес во полето на графичкиот дизајн, како и учество во специфични промотивни активности каде што ќе го употребам стекнатото знаење.” – ни кажа Валентина.

 

Диме Митевски, студент на Академијата за Front-end програмирање

Секој ден како еден нов предизвик, нови информации, нови потреби и барања. Употребата и потребата од технологијата во мојата секојдневна работа прави да имам поголема мотивација за што повеќе информации. Доста спремни матерјали како и секогаш достапни ментори и асистенти прават се ова да е полесно и побрзо. Можноста за изготвување на проекти  и решавање на реални примери дома придонесуваат за да се има добар резултат бидејќи сите имаме различно слободно време поради работата и домашните обврски. Да се стекнам со потребното знаење од областа на девелопмент, посебно фронтенд за изработка на web апликации бидејки реално за секој еден од нас многу е олеснително секојдневното користење на  web апликации за да завршиме работа и во банка, да си организираме патување , да се информираме, да си пазариме, буквално примена за се.” – ни кажа Диме.

 

Марија Гелмановска, студент на Академијата за UX/UI дизајн

Често имам идеи и сакам да размислувам за начини како да ги остварам. Учењето нови информации и алатки и стекнувањето на нови вештини го гледам како чекор до остварување на тие идеи. Неформалното учење ми помага пред се преку работата на реални проекти, што за мене е искучително важно. Исто така е навистина стимулирачко за мојот напредок и развој, особено кога ќе го споредам со периодот кога пробав да учам и самостојно, а немав голем прогрес. После оваа академија очекувам да работам специфично user research (барем тоа ми е во моментов посакувана и идеална позиција), како и да остварам некои лични идеи за проекти поврзани со самоодржливост, урбанизам и екологија.” – ни кажа Марија.

 

Александар Мишков, студент на Академијата за Full Stack програмирање

Мојата најголема мотивација е што се почуствував заглавен во мојата досегашна кариера и навреме сфатив дека тоа не е тоа што сакам да го работам во мојот живот. Секогаш знаев дека можам да направам нешто повеќе, а од кога започнав да истражувам за програмирање и кога започнав да учам почетни работи сфатив дека е можно човек да го сака тоа што го работи. Начинот на учење со кој што се сретнав на академијата е всушност многу соодветен за мене затоа што академијата ми дава насоки по кои треба да се движам, а самото движење е оставено на мене т.е. на нас студентите што е одличен начин на учење и формирање на млади девелопери. Најмногу од се ми оставија впечаток самите вежби, тоа што работиме практични примери и решаваме проблеми со кои што можеме да се сретнеме на работно место во иднина. Исто така овој тип на учење ни овозможува сами да пронајдеме решенија за голем број на проблеми со кои што може да се соочиме во нашата понатамошна кариера. Најпрво моите очекувања беа да се здобијам со добра основа за програмирање и искрено  со оглед на тоа што немав никаква позадина од програмирање на почеток бев и малку скептичен дека можам да го научам сето тоа за толку краток период. Кога започнав со академијата се уверив дека не само што можам да се здобијам со добра основа туку и дека можам да научам повеќе одколку што можев да замислам. Крајното мое очекување е дека ќе бидам спремен за целосна промена на кариера за да можам да запливам во програмерските води.” – ни кажа Александар.

 

Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам , иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности . Со видна креативнод и самодисциплина ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно , но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на се што им беше зададено,при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во академијата и надвор од неа,при што останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно,уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You