Нашите студенти изработија UX дизајн за индискиот претприемач Блаже Аризанов

Нашите Алумни студенти од Академијата за дизајн во соработка со Академијата за програмирање – изработија проект за  индискиот претприемач и автор на книгата „Белиот трофеј“-Блаже Аризанов.  Бојан, Марија, Драгица и Мерима го работеа UX/UI дизајнот на сајтот и им го предадоа на програмерите спремен за следна фаза.

Еве што ни кажаа за ова искуство!

Како си поминавте работејќи на ваков тип на проект?

Секој проект е нов предизвик. Многу интересен проект, плус секогаш е задоволство да се работи во Brainster. Научивме нешто ново и секогаш е супер да се работи во тим. Повеќе луѓе, повеќе идеи, мешање на различни стилови, дискусии, дебати. Но, на крајот од денот доаѓате заедно до совршеното решение. Нашиот тим функционира одлично. Се дружиме и се смееме дури и кога поминуваме многу часови во денот работејќи. Тоа се случува кога си го сакаш она што го работиш.

Што научивте од ова искуство?

Како почетници во UI/UX можам да кажам дека научивме многу од овој проект. Работење со реален клиент е она што ја прави Академијата посебна. Од запознавање на желбата на клиентот до создавање нешто што ќе му се допадне нему, а во исто време ќе биде и според последните трендови и со одлични функции, се запознавме со сите предизвици кои ги носи дизајнирањето на веб сајт, а секако и многу брзо ги надминавме.

Според вас, што се е потребно за да се направи еден UX/UI дизајн?

Најважно и есенцијално е да ги познавате барањата на клиентот. Ова е токму тоа што не учеше Јане на Академијата за дизајн. Јасно да го знаете производот кој се нуди на корисниците за да може да направите прецизен research. Без тоа не би можело да се започне. Потоа се смислува најлесниот и најфункционалниот начин за корисниците да го имаат најдоброто искуство. Составен дел се бои, фонтови и стил со кој ќе ја доловите приказната.

Како е да се работи во тим?

Тимската работа мене ми е омилена. Предизвикот да се спојат повеќе идеи во една функционална отсекогаш ми бил најзабавен. Со добар тим нема досадна задача. Нашиов тим одлично функционираше од брејнсторминг до реализација и мислам дека навистина во ниеден момент не осетивме ни притисок, ни недостиг на идеи.

 

Уписите за Академијата се при крај. Резервирај си место тука!

Како до 1.000.000€? 🤫