Фриленсот ми ја дава потребната слобода и мотивација да напредувам

Бојан е 25 годишен фриленсер од Куманово кој што се одлучи да ја промени својата кариера и од диспечер да стане графички дизајнер. Успешно ја заврши Академијата за дизајн и моментално работи на многубројни фриленс проекти.  Еве што ни кажа.

Кога се појави твојата љубов кон дизајнот, што правеше пред Академијата?

По завршување на средно училиште, знаев дека факултет не е вистинскиот правец за мене и започнав со работа. Почнав да работам за транспортна компанија како диспечер за камиони низ Европа. Додека работев како диспечер, го користев моето слободно време за фриленс работа и учење на нови работи и вештини. Тогаш ја открив мојата љубов кон графичкиот дизајн и сфатив дека тоа е она што навистина сакам да го работам. Почнав со онлајн учење на програми кои ми беа потребни за ситните проекти кои ги добивав. Но, по некое време сфатив дека онлајн курсевите не ми го даваа потребното знаење кое ми беше неопходно за работа на поголеми проекти. Барајќи академии кои би можеле да ми помогнат да го остварам мојот сон наидов на  Академијата во Браинстер. Решив да ризикувам, ја оставив мојата работа и се посветив на full-time фриланс.

Имаш работено фриленс на многубројни проекти, кажи ни нешто повеќе за тоа искуство, зошто баш фриленс?

Лично не сум човек кој се гледа себеси како постојано работи на иста работна позиција, без можност за напредок. Од друга страна пак, фриленсот ми ја дава потребната слобода и мотивација да напредувам и работам на различни проекти. Исто така, можам да работам од било каде, во време кое на мене ми одговара.

Кажи ни една добра и една лоша работа во работењето фриленс

Придобивките од фриленс се многубројни. Имаш множност да работиш со клиенти од цел свет, да запознаеш многу разични карактери и да стекнеш пријатели во скоро секоја држава. Меѓутоа, има една негативна работа која многумина не ја сфаќаат сериозно, а тоа е дека фриленс не значи дека ќе работиш помалку, туку баш спротивно. Ако сакаш да успееш и да бидеш добар во тоа што го работиш, мораш да работиш напорно и постојано.

Дали е тешка комуникацијата со клиенти?

За мене, комуникацијата со клиенти е најголем предизвик. Моите клиенти се од ширум светот и се разбира сите се различни. Понекогаш може да биде доста тешко да ја искажат својата визија за да јас можам да ја реализирам. Меѓутоа имам пријателски однос со скоро сите мои клиенти и мислам дека оптимизмот ми помага да ги надминам сите комуникациски проблеми.

Сподели ни некој твој дизајн

Кажи ни го најинтересниот проект на кој имаш работено

Мојот најомилен и најинтересен проект за оној на кој работам 3 години. Се работи за Jiu Jitsu legacy, бренд кој се залага да ја доближи и сподели џиу џицу уметноста до сите. Она што навистина ми се допаѓа во работата со овој бренд е тоа што ги спојува двете мои страсти, љубовта кон џиу џицу и кон графичкиот дизајн.

Како ти помогна Академијата за да станеш дизајнер?

Академијата за дизајн ми го даде потребното знаење за графички дизајн. На академијата го надоградив моето знаење, добив правец во кој треба да се движам и работев на реални проекти. Запознав прекрасни графички дизајнери од кои научив многу и открив дека она што навистина ме привлекува е UI/UX дизајнот.

Што би им препорачал на сите кои сакаат да направат слична промена во кариерата?

Сите оние кои размислуваат дали треба или не да преземат ризик, дефинитивно би им препорачал да разикуваат и да ги остварат своите соништа. Вашата комфор зона е секогаш тука ако посакате да се вратите, но она каде што можете да напредувате секогаш ве чека надвор од комфор зоната. Да го добиеш она што никогаш си го немал, мора да направиш нешто што никогаш го немаш направено.

Уписите за Академијата за дизајн се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You