Драгица успешно ја заврши Академијата за дизајн каде што во текот на студиите нејзиното лого беше избрано од Туристичката Агенција „Ел Мундо“.

„Најголем предизвик ми беше да излезам од комфорт зоната и да се пронајдам себе.“

Претходно работеше како наставничка, како се појави љубовата за дизајнот?

Уште од многу мала бев вљубена во боите, во цртањето, во емоцијата што ја имав додека измислував што да нацртам, за кого да нацртам и слично. Потоа на првиот компјутер, татко ми ми го инсталира Corel и некако гледав сите училишни задачи да ги завршам побрзо за да седнам пред компјутер и да пробувам нови работи. Првата љубов не се заборава, па многу години подоцна одлучив да си го следам инстинктот.

Кои беа твоите најголеми предизвици во менувањето кариера?

Најголем предизвик ми беше да излезам од комфор-зоната и да се пронајдам себе. Имав моменти на двоумење, затоа што сепак графичкиот дизајн беше домен кој е многу далеку од тоа што го правев неколку години. Но имав и многу поддршка од сопругот, тој беше сигурен дека ова е за мене. Веднаш по започнувањето на Академијата, сфатив дека одлуката ми била 100% правилна, благодарение на предобрата програма и посветените иструктори на Брејнстер.

Твојот предлог за лого дизајн беше избран од туристичката агенција Ел мундо. Кажи ни нешто повеќе за тоа искуство. Покажи ни го логото. 

Од таа задача сфатив дека лого дизајн и брендинг ми се најинтересна сфера од дизајнот. Целиот процес на создавање „лик“ на една компанија е мошне комплексен и опфаќа многу психолошки елементи. Сфатив дека мене делот со брејнсторминг дефинитивно ми е еден од позабавните чекори во дизајнот. Додека работев на логото за Ел Мундо, го следев брифот на клиентот, но си дозволив и малку да ризикувам, односно да си ја послушам интуицијата и да понудам малку поразлично решение од она што го бараа. Токму и тоа решение го одбраа.

Во текот на Академијата за дизајн беше на пракса кај Бане во Кома. Како стигна до ова, што работевте таму? 

Бане ми беше инструктор на Академијата, човек со заразна љубов кон дизајнот. Кај него работев се, од редење книги во InDesign, до изработка на логоа. Тогаш прв пат сфатив што, всушност, претставува графичкиот дизајн, и целиот пристап кон него.

Што мислиш дека е потребно за менување на кариерата, дали е доволна љубовта кон истата или бара посветеност и работа? 

Сметам дека едното без другото не може. Не е доволно само да го сакаш тоа што го правиш. Мораш да се посветиш за да бидеш подобар од тоа што си бил вчера, особено ако си на почетокот на кариерата.

Како Академијата те спреми за работењето графички дизајн?

На Академијата, покрај знаењето, стекнав и дисциплина, што според мене е клучна за да може да научиш нешто ново и да успееш во тоа. Сите вештини кои ги имам ги научив на Академијата. Сега, со секоја нова работна задача, само се надградувам и секој предизвик ми е лесен. 

И за крај, што сакаш да им препорачаш на сите оние кои сакаат да ја сменат својата кариера? 

Ги охрабрувам! Секој треба да си го следи сонот и да ужива во својата професија.  

Уписите за Академијата за дизајн се во тек. Резервирај си место тука!

Како до 1.000.000€? 🤫