Младите често го чувствуваат притисокот во оној период од животот кога треба да одлучат дали и на кој факултет да се запишат, со тоа, на некој начин, утврдувајќи ја сопствената професија за цел живот. Ана Караколевска од Академијата за дигитален маркетинг сметаше дека на таа возраст, нема доволно информации да ја донесе таа одлука и иако се реши за нешто сосема поразлично од она што го работи денес, на крајот сепак се пронајде себеси. Прочитајте што ни раскажа таа за нејзиното искуство и каде се наоѓа денес.

По кратко студирање на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) реши да ги прекинеш студиите. Што те натера на крајот да се одлучиш за дигитален маркетинг како професија?

Во средно училиште омилен предмет ми беше математика. Уживав во решавање на логички задачи кои ми претставуваа авантура во која нурнував. По завршувањето на средно училиште се најдов на крстосница а главното прашање кое ме следеше беше „Каде на факултет“ и што  понатаму? Бидејки бев незрела и немав доволно познавање и не знаев која е идеалната професија за мене во која би уживала и би ја работела со страст, а единствено во кое бев сигурна беше љубовта кон математиката решив да се запишам на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) . Како што растев и се пронаоѓав самата себе сфатив дека сум донела погрешна одлука и дека електро факултетот не е за мене. Сфатив дека тоа не е титулата која сакам да ја носам. И повторно се вратив на истата крстосница на која се наоѓав по завршувањето на средно училиште само што овој пат бев тотално збунета. Во решавање на ова прашање ми помогна Brainster за кој разбрав преку социјалните медиуми. Редовно ги следев нивните објави за различни Академии кои почнаа да ме интригираат. Им ги разгледав сите опции кои ги нудат и Академијата за дигитален маркетинг ми разбуди желба и ми претставуваше голем предизвик да се соочам со нешто за кое немав никакво пред знаење.

Какво ти беше искуството на Академијата во Brainster? Дали „дигитален маркетер“ е титула која ‘ти лежи’ повеќе? 🙂

Дефинитивно ми е поудобно и мерак да бидам дигитален маркетер! На Академијата се стекнав со преголемо знаење поради тоа што учев од професионалци со огромно искуство кои дадоа се’ од себе да ни пренесат се’ што знаат и умеат. Многу ми помогна работата на реални проекти бидејки само со мало искуство од неколку месеци се најдовме во улога на маркетери со чија помош дојдов до вработување. 

Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Аплицирај ТУКА.

Раскажи ни како ти е на новото работно место? Како се снаоѓаш и справуваш со предизвиците?

На работа ми е одлично! По само 4 месеци на Академијата со никакво претходно знаење за маркетинг, се вработив во маркетинг фирма Термин.мк. Надминувам секојденвно по нешто ново и учам од моите поискусни колеги. Секој ден се изненадувам од самата себе и од работите кои сум способна да ги направам. Не ми се верува дека за само 4 месеци успеав толку многу да научам и да работам нешто толку многу добро за кое претходно немав искуство.

Дали имаш некој совет или препорака за сите оние млади луѓе кои се наоѓаат во ситуацијата во која се наоѓаше ти?

Можам да кажам дека запишувањето на Академијата ми беше остварување на сонот и ми овозможи да се откријам самата себе и да ја најдам мојата „dream job“ во која моментално уживам. Академијата за дигитален маркетинг разбуди креативна страна во мене за која никогаш не бев свесна дека ја поседувам.

На секој што не знае што сака да работи и не може да се пронајде самиот себе во ниту една професија би му препорачала да се запише во Brainster бидејки мене за само неколку месеци ми го промени животот, ми овозможи да сменам професија, да добијам преголемо знаење, да стекнам големо искуство и конечно да работам нешто што ме прави среќна.

Ако и ти размислуваш за ваква промена, разгледај ја нашата Академија за дигитален маркетинг.