За успесите на студентите од Brainster се зборува надалеку, а доказ за тоа е и нашата студентка Јулија Автаровски. Денес ќе ја прочитате приказната на Јулија, која работи во скандинавската онлајн галерија CEND AB, Canvas Butik како графички дизајнер и визуелен уметник.
Јулија неодамна ја заврши академијата за графички дизајн, а е вљубеник во модата и дизајнот. Таа својот талент кон дизајнирањето го надградила преку академијата за графички дизајн што и помогнало да стане графички дизајнер и визуелен уметник.
Таа во моментов работи во една од водечките онлајн галерии во Скандинавија – CEND AB, Canvas Butik. Оваа компанија е една од најпознатите во индустријата за ѕидни уметности. Тие креираат трендовска и стилска фото-уметност, а оваа компанијата е присутна во над 10 земји.
Продолжи да читаш и откриј како Јулија стана успешен визуелен уметник и графички дизајнер!
Која е твојата позиција во компанијата CEND AB? Koи се твоите обврски во таа позиција?
Мојата позиција е визуелен уметник и графички дизајнер во една од водечките онлајн галерии во Скандинавија. Во рамките на мојата позиција, одговорна сум за создавање и развивање на визуелни концепти кои се усогласени со потребите на клиентите и пазарот. Создавам уметнички дела со помош на АI, што претставува вистински предизвик за мене.
Со развојот на технологијата, графичкиот дизајн е една од професиите која постојано еволуира. Според тебе, колку е важна твојата професија во денешното дигитално време?
Мојата професија е исклучително важна во денешното дигитално време. Со развојот на технологијата, графичкиот дизајн стана клучен за визуелната комуникација, брендирањето и маркетингот. Добриот дизајн привлекува внимание, пренесува пораки ефективно и остава траен впечаток. Во свет каде што визуелниот идентитет на компаниите и продуктите е од пресудно значење, графичкиот дизајн игра централна улога. Технологијата овозможува поголема креативност и иновации во оваа област, правeјќи ja неjзината важност уште поголема.
Доколку размислуваш за кариера во графички дизајн можеби сега е вистинската можност . Бреинстер заедно со 10 компании доделува 100 ваучери од 1000 евра за академиите. Аплицирај на Brainster Академијата за графички дизајн за твојот ваучер!
Како академијата за графички дизајн ти помогна во твојата кариера?
На академијата завршив сосема непланирано и спонтано, од љубопитност како да го направам моето модно портфолио подобро. Академијата за графички дизајн одигра значајна улога во мојата кариера, се случи пресврт да преминам од моден дизајнер во визуелен уметник. Преку академијата, стекнав нови вештини и знаења кои ми овозможија да го проширувам мојот креативен израз на различни медиуми. Учев како да комбинирам визуелни елементи, што ми помогна да создадам поинтерактивни и привлечни визуелни приказни. Ова искуство ми овозможи да го проширувам мојот професионален опсег интегрирајќи ја мојата страст кон уметноста во секој аспект од моето творештво.
Како би ги советувала сите кои сакаат да започнат кариера на полето на графички дизајн?
Би ги советувала да започнат со цврсти основи на дизаjнерските принципи и да го истражуваат софтверот што се користи во индустриjата. Практиката е клучна, затоа создавајте портфолио со проекти, дури и ако се лични или неплатени. Бидете отворени за учење и прифаќајте критика како можност за напредок. Следете ги трендовите и новите технологии, бидејќи графичкиот дизајн постојано еволуира. Вмрежувајте се и барајте ментори во областа. И наjважно, останете креативни и никогаш не се откажувајте.
Што е она што ти дава мотив да се надградуваш себе си и да вложуваш во себе?
Моето искуство како моден дизајнер во модната индустриjа ми помогна да ja разберам важноста на визуелната естетика и деталите, што е исто толку значајно и во графичкиот дизајн. Поврзувањето на модата и графичкиот дизајн ми овозможи да ja развијам креативноста и да создадам уникатни и визуелно привлечни решенија. Ме мотивира постојаната потреба за иновации и уметничкото изразување, што ме потикна да се надградувам и да вложувам во себе. Успехот во комбинираьето на овие две дисциплини ме инспирира да продолжам да учам и да ги проширувам своите способности. Мојата страст за дизаін ме тера постојано да барам нови начини за изразување и подобрување на моите вештини.