Твоето лого зборува за твојата компанија повеќе од тоа што си замислуваш. Наместо да се плашиш дека луѓето ќе ги дознаат твоите тајни, зошто да ја пропуштиш можноста додека сите очи се вперени во тебе и да не ја искористиш шансата? Направи толку добро лого, онакво што ќе зборува самото за себе.
Токму поради ова малите и нови компании (стартапи) имаат најголема потреба од убаво дизајнирано лого.
Сите ние добиваме само една шанса за прв впечаток, а првите впечатоци се сѐ за што се залага стартап заедницата. Само што започна да се движиш по патот кон успехот и влијанието, па затоа и првите впечатоци кои ќе ги оставиш се неопходни. А тука стапува во игра брендингот.
Можете да приметите дека повеќето од стартапите не посветуваат внимание на брендингот, особено на нивното лого, а и огромен дел од нив имаат сиромашно лого кое носи погрешна или негативна слика за она што брендот го ветува. Да се смисли добар брендинг кој вистински и успешно ќе зборува за твојата компанија и ќе ја раскажува нејзината приказна е нешто што ќе те издвои од конкуренцијата.
Запомни дека не мораш да претеруваш, не мораш да го измислуваш одново Large Hadron Colider, туку само треба да изгледаш добро. Да, добро. Не премногу специјално или нешто невидено, туку добро. Помисли на најдобрите логоа за коишто се пишува по статии, дури и книги – тие функционираат затоа што се добри, а најмногу затоа што се усогласуваат со приказната на компанијата. Ова се однесува на сите типови на дизајн – веб дизајн, графички дизајн, дури и дизајн на облека.
Издвој се од останатите
Сè што треба е логото да биде добро, но не сфаќај погрешно, токму тоа значи да не си просечен и да не се втопиш во толпата. Мораш да сфатиш дека најверојатно 90% од сите стартапи имаат „полошо од добро“ лого, што значи дека да се има добро е очигледно потешко отколку што се чини.
Како да успееш во ова? Па вака, започни од самиот почеток – осигурај се дека твоето лого е јасно и лесно да се протолкува. Веројатно го немаш ниту времето, ниту парите за брендингот со кој располагаат големите компании. Тоа значи дека да ги насочиш луѓето да го асоцираат твоето лого со твојот производ може да биде невозможно да се постигне. Затоа, за разлика од големите компании, немаш буџет за маркетинг кој ќе те осигура дека луѓето ќе го асоцираат твојот симбол со твоето име.
Од тука заклучуваме дека секој прв впечаток ќе биде важен за тебе. Мораш да посветиш внимание на тоа какво лого смислуваш. Направи темелно истражување и смисли лого кое ќе ја раскаже на позитивен начин приказната на твојот бренд, а истовремено ќе изгледа добро. Наместо да следиш трендови, следи си го сопствениот инстинкт. Тоа е единствениот начин на кој можеш да се издвојуваш.
Посвети му целосно внимание на твојот бренд
Посветување внимание значи логото што ќе го избереш за да го претставува твојот бизнис не смее да биде обична мисла или досетка, наместо тоа, тоа треба да го дефинира твојот бренд.
Да, започнувањето или растењето на бизнисот е макотрпно искуство што вклучува размислување и внимателна употреба на скапоцени ресурси. Но, кога носиш одлуки за тоа како да го инвестираш времето, енергијата и капиталот, запомни дека на денешниот пазар не смееш да кратиш на брендинг. Многу е веројатно тој да ја претставува најважната одлука која што некогаш ќе ја направиш.
Следи ги овие три совети за креирање на лого што ќе бидат темелот на твојот бренд и ќе го водат твојот бизнис кон успех:
- Биди внимателен при изборот на типографија
Типографијата која ќе ја избереш го отсликува она за што се залагаш. Твојот бренд е изграден врз основа на два елементи – типографијата и графиката. Кога ќе се спојат ја создаваат основната структура на најчестиот дизајн на лого.
Со оглед на тоа што се само две, логично е и двете да се неопходни и важни. Се чини дека денес сите ја разбираат важноста на типографијата: сите пребираме кога станува збор за избор на фонт. Веројатно до сега веќе си знаеш кој е твојот омилен фонт.
Ова значи дека, да се избере вистинската типографија може да биде огромен предизвик за тебе и за твојот мал бизнис. Мораш да ги проучиш различните видови на фонтови. Спој ги знаењето и брендот на твојот бизнис – сакаш да оставиш сериозен впечаток или елегантен, свеж и футуристички? Не заборавај дека типографијата што ја избираш мора да одговара на графичкиот дел од твоето лого.
- Понекогаш боите ја прават разликата
Кога станува збор за дизајн, кај било кој вид на дизајн, боите се клучни. Не можеш да имаш убаво лого ако боите не се убави. Ова е повеќе од јасно.
Внимателно избирај ги твоите палети на бои, но истовремено не заборавај да бидеш храбар. Избери убави и невообичаени бои кои ќе ти помогнат да се истакнеш од толпата. Помисли на Wes Anderson на секунда. Тоа што е храбар во изборот на бои него го прави одличен режисер. Не се двоуми и обиди се да размислуваш „надвор од кутијата”.
Секогаш биди внимателен при изборот, за тој да не наликува на оној на конкуренцијата. Внимавај да не ги избираш истите бои како и тие.
- Вработи професионален дизајнер
Можеби имаш добро око за естетика или си бил еден од најдобрите на часовите по ликовно, но ова не е нешто за што треба да бараш кратенки. Ова не е нешто што можеш да го научиш преку лекции и да си го сработиш сам. Нема да заштедиш пари кога станува збор за брендинг, а и не треба. Премногу е ризично и премногу нешта зависат од самиот брендинг. Затоа мора да научиш да читаш препораки, да се распрашуваш и да го пронајдеш искусниот дизајнер кој имал работено за многу компании.
А кога ќе го вработиш не заборавај да воспоставиш јасна комуникација. Не се воздржувај доколку имаш нешто да му кажеш и верувај му бидејќи не си го избрал без причина. Нешто од што се плашат дизајнерите е лошата комуникација.
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!