Запознај го Слободан Трчков – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец јануари 2023.

 

Име и презиме: Слободан Трчков

По професија: Дипломиран економист

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш оваа област: Графичкиот дизајн го одбрав бидејќи се сметам за креативна личност и сакав идеите коишто ги имам, да научам визуелно да ги пренесам.

Што те мотивира постојано да учиш: Живееме во едно брзо време во коешто неопходно е надградување и совладување на нови вештини. Исто така, брзината на развојот на технологијата сама по себе бара постојано да се доусовршуваш за да бидеш во тек со времето и новите предизвици.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Уф, тешко е да се одлучам. Сѐ што досега научив на Академијата го сметам за подеднакво важно и интересно. Ако морам да се одлучам, нека биде совладувањето на софтверите како и креирањето на визуелен идентитет.

Омилен модул и зошто: Сите модули се убави на свој начин, но мене лично најмногу ме привлече „Креирање на визуелен идентитет“ бидејќи едноставно уживав во самиот процес на брендирање.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се одлични и професионалци во тоа што ни го предаваат. За мене лично, најважен момент кај инструкторите е што воспоставуваат пријателски однос со студентите, достапни се во секое време и преку конструктивна критика се трудат да го извлечат максимумот од секој студент.

За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер, а мож би и повторно студент на некоја од останатите академии коишто на некој начин се поврзани со креативно размислување.

Хоби: Немам некое посебно хоби, сакам да спортувам и да патувам.

Омилена книга: Сите книги од Ден Браун

Омилен цитат:Изгради ги сопствените соништа или некој друг ќе те вработи да ги изградиш неговите.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!