Запознај го Горан Димоски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за јуни 2024.
Мојата позадина е…
Електротехничар за КТА, а надвор од графички дизајн се занимавам и со Digital Art, Manga/Comic Art, Анимација и Game Art.
Областа ја избрав затоа што…
Желбата за да ја искажам мојата способност за максимално користење на креативноста во мене и поради различните можности кои ги нуди областа.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Мораш секогаш да го даваш максиумот за одреден проект, целото време кое што можеш да го посветиш, максимално искористи го за да го усовршиш проектот бидејќи тоа дава најдобри резултати.
Најгорд сум на…
Тоа што имам максимален број на освоени поени за сите задачи и проекти досега односно врвот на табелата без ниеден промашен поен.
Мојот омилен модул е…
Visual Layouts – Затоа што таму ни беше првиот реален клиент и почнав најмногу да се чувствувам како графички дизајнер.
Motion Graphics – Затоа што веќе ме интересираше анимација, а воедно и беше поразлично од сѐ, така што беше најголем и најтежок предизвик.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Михајло Тунев – Неговата енергија и начинот на комуникација со студентите прават чувство како тој да е дел од нашата група.
Александар Поповски – Неговото познавање на софтверските алатки е беспрекорно и успешно ги совладав благодарение на неговите предавања.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Ми овозможи целосно да се развијам во оваа област и ми покажа отворен пат кон успешна кариера како графички дизајнер, спремен на секакви предизвици.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Не се откажувај ако е тешко, туку пробај да го најдеш најдоброто креативно решение за да ги надминеш твоите ограничувања. Дополнително, максимална посветеност за време на академијата и предавањата. Присуството на предавањата, вниманието и изработката на домашните задачи се клучни фактори за успех.