Запознај го Ѓоше Манчев – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за август 2024.  

Мојата позадина е…

Дипломирав на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како преведувач. Моментално работам како наставник по англиски јазик во основно училиште каде што работата со деца постојано ме мотивира да размислувам иновативно и креативно.

Областа ја избрав затоа што…

Мојата љубов кон уметноста и желбата да ја претворам мојата креативност во нешто во кое можеби ќе се пронајде некој друг, но исто така и да ја претворам истата во професионална вештина ме инспирираше да запливам во креативните води и подлабоко да го истражам графичкиот дизајн.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Важноста на екпериментирањето. Да им дадеме шанса на оние идеи кои можеби навидум не биле изводливи, но сепак криеле некаква магија подлабоко во себе и постојано да се стремиме кон подобрување.

Најгорд сум на…

Секоја успешно завршена задача, секој позитивен коментар од инструкторите, оние мали нешта кои прават голема разлика.

Мојот омилен модул е…

Тежок избор, но морам да ги издвојам Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми и Layout.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Исто така многу тежок избор па и тука би набројал неколку. Небојша Гелевски – Бане и неговата енергија за време на предавањата како и неговото богато искуство. Ана Тодорова со нејзината стручност и посветеност да го пренесе знаењето и Михајло Тунев со неговиот ентузијазам, позитивност и интерактиви предавања.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Иновативните принципи на настава и балансот на теоретското пренесување на знаењата со практичните искуства, како и работата на реалнитe проекти со реални клиенти. Сето тоа ми помогна да т.н. го „исполирам“ моето претходно искуство во графички дизајн.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Спремете се за едно возбудливо и динамичо патување. Истражувајте, експериментирајте, трагајте по следното најдобро нешто. И кога ќе стигнете до границата на вашата креативност, отидете еден чекор преку неа.


Биди чекор пред останатите! Приклучи се на листата на чекање и дознај прв
доколку се отвори повторно можност за упис на Академијата за графички дизајн!


НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉