Запознај ја Емилија Гроздановска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за септември 2024.  

Мојата позадина е…

Јас работам како маркетинг специјалист веќе две години, каде што активно учествувам во креирањето на сеопфатни маркетинг стратегии кои вклучуваат офлајн и дигитални активности. Исто така, често работам на фриленс проекти и партнерства, креирајќи кампањи кои ја засилуваат видливоста на одреден бренд на локално и меѓународно ниво.

Областа ја избрав затоа што…

Графичкиот дизајн ми дозволува да го користам мојот креативен потенцијал на најдобар начин и да го претворам во стратегија што носи резултати, што е она што ме привлече и продолжува да ме инспирира во секојдневната работа.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Тоа дека постојаното учење и приспособување се клучни за успехот. Без разлика колку знаење или искуство имаш, секогаш има простор за подобрување и усовршување.


Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за графички дизајн!


Најгорда сум на…

Најгорда сум на учеството на хакатонот со Сава осигурување, кој беше мојот прв хакатон и едно огромно искуство што ме научи да верувам во моите способности и да реализирам нешто значајно за само 48 часа. Дополнително, горда сум што, на само половина од академијата, успеав самостојно да ја визуелизирам и изработам целосно новата кампања на моето работно место. Особено сум благодарна на менторите за нивната поддршка, која ми помогна да го достигнам овој успех.

Мојот омилен модул е…

Мојот омилен модул е Типографија- Forever, кој ми остави длабок впечаток и ме поттикна да гледам на секој дизајн околу мене на поинаков начин. Преку овој модул, не само што научив основни принципи на типографија, туку и колку е важен текстот во дизајнот. 

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Тешко ми е да издвојам еден инструктор, бидејќи секој од нив имаше свој удел во тоа што го научив, но особено го истакнувам Михајло Тунев. Неговата посветеност и методолошкиот пристап кон дизајнот ми оставија длабок впечаток. Неговата поддршка и менторство ме охрабрија да продолжам да истражувам и да се усовршувам во мојот креативен израз, и сум му искрено благодарна за тоа.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Преку стекнатото знаење и практичните вештини, успеав да ги проширам моите можности во полето на маркетингот и дизајнот. Со програмите и проектите во рамките на академијата, имав можност да работам на реални клиенти и да ги применам теоретските концепти во практика. Ова ми овозможи да ја подобрам мојата самодоверба и да развијам способност да создадам иновативни решенија за различни предизвици. 

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

На идните студенти на Brainster, би им препорачала да пристапат кон своето учење со отворен ум и позитивна енергија. Искористете ги сите можности за интеракција со инструкторите и соучениците, бидејќи тие можат да ви понудат нови перспективи и искуства кои ќе ви помогнат да растете. Не се плашете да експериментирате и да поставувате прашања; секое искуство, позитивно или негативно, е дел од вашето учење.