Запознај го Андреј Петровски – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за јули 2024.  

Мојата позадина е…

Дипломирав Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, 2022. Сѐ уште ја сакам археологијата и сметам дека графичкиот дизајн може да биде нејзино одлично надополнување. Комбинацијата од Археологија и Графички дизајн придонесе за продлабочување на моето разбирање за уметноста и „модернизирање на античките идеи“ за уметноста воопшто.

Областа ја избрав затоа што…

При изработка на мозаици и конзервација на керамика, станав доста заинтересиран за пренесување на античките декорации во модерниот свет, нивно дигитализирање и приспособување за денешните потреби, а истовремено декорациите би можеле да бидат богат извор на инспирација во графичкиот дизајн. Со синтетизирање на овие различни извори на испирација, ние како дизајнери може да создаваме привлечни визуелни елементи кои резонираат на повеќе нивоа.

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Прифаќањето на мултидисциплинарниот пристап во решавањето на проблемите (посебно графичките). Првично, бев фокусиран исклучиво на совладување на една специфична област, но набрзо сфатив дека интегрирањето на сознанија од различни области/дисциплини може да воведе до поефективни и поиновативни графички решенија.

Најгорд сум на…

Победничкиот дизајн за конкурсот на МОФ, лого и бренд индентитет за клиентот „Готвиме со Маја“, како и дизајните за САВА Осигурување изработени за време на хакатонот.

Мојот омилен модул е…

Би го издвоил Layout како омилен модул бидејќи служи како столб на ефективна визуелна комуникација, а истовремено ги изучува уметноста и науката за уредување елементи на страница за да се создаде кохезивен и привлечен наратив. Се изучуваат принципи како рамнотежа, хиерархија, усогласување, и тн. кои се клучни за водење на окото на гледачот и подобрување на целокупното корисничко искуство.

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Михајло Тунев, чиј ентузијазам и иновативни методи на настава, го надоградија мојот пристап кон дизајнот. Неговите повратни информации и насоки за корекции ме охрабрија да развивам по експериментални решенија. Надвор од технички вештини, неговото менторство значително го обликуваше мојот раст како дизајнер.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Беше клучна во унапредувањето на моите планови и цели за кариера преку обезбедување на квалитетно образование, кое го поврзува теоретското знаење со практичното искуство. Низ модулите и проектите за реални клиенти, развив основа во клучните принципи за дизајн и алатки за индустриски стандарди, што ги подобри моите технички вештини и креативните способности за решавање проблеми.

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Мојот совет би бил да истражуваат што повеќе различни стилови и пристапи на дизајн, техники и алатки и да се не се плашат да експериментираат со нивните креативни граници. Додатно на тоа, да ја прифатат критиката како моќна алатка за раст, и да и пријдат со позитивен став и да ја искористат за да си ги усовршат нивните вештини.


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за графички дизајн