Марија Ваневска е правник по струка со положен правосуден испит која се запиша на Академијата за дизајн поради нејзината пасија кон креативното изразување. „Сакам да ја изразувам својата креативност секојдневно и да го работам она што вистински го сакам.”
Во текот на Академијата за дизајн работеше на проект за Германскиот институт – ГИЗ, каде што стекна практично искуство и веднаш по завршувањето се вработи во „Супер 5ка“, еден од најголемите домашни FMCG брендови. Марија вика дека работењето графички дизајн е една од најдобрите одлуки што ги има направено во животот и едвај чека да види во која насока ќе се движи нејзината понатамошна кариера.
Уписите за Академијата за дизајн се во тек. Доколку размислуваш за слична промена на кариера целата програма и сите детали за академијата можеш да ги прнајдеш тука.
Успешно направи кариерна трансформација и започна да работиш графички дизајн, како ти се допаѓа на работа?
Одлично ми е на работа. Package design е нешто во кое се пронаоѓам, ме исполнува, а оваа работа токму тоа ми го овозможува. Дополнителните проекти кои ги работам кои не се поврзани со дизајн на пакување само ја дополнуваат целосната слика што ме прави многу среќна. Покрај мојата работа постојано се надградувам, секојдневно гледам туториали за да го усовршам моето знаење. Спортувам, се дружам и следам се што е поврзано со дизајн, мода, архитектура и музика.
Марија, правник си по струка и тоа ти беше првата професија. Од каде интерес за дизајн и вакво пренасочување на кариерата?
Сакав да ја променам мојата професија, да работам нешто покреативно, на големи проекти со големи тимови. Следејќи ги секојдневните проекти на Brainster се уверив дека тоа е она што го сакам. Она што посебно ме привлече беше соработката со други компании и клиенти за кои правевме проекти.
Како ти се чини твојот почеток од сегашна перспектива и што би им кажала на сите оние кои сакаат да станат графички дизајнери?
На почетокот немав никакви познавања и се сомневав како ќе изгледа целата таа трансформација, јас сум магистриран правник со положен правосуден испит кој стана графички дизајнер. А сега на сите што сакаат да станат графички дизајнери би им кажала дека Brainster е местото за вас, доволна е вашата желба останатото ќе го научите на Академијата без разлика дали имате некакво предходно познавање или не.
Сподели ни некои твои дизајни!
Постер дизајн за Вело кафе
Постер дизајн за Германско друштво за меѓународна соработка ГИЗ
Уписите за Академијата за графички дизајн се во тек, а програмата можеш да ја видиш тука.