Во овој сериал на текстови ги претставуваме говорниците на Deep Dive into Marketing интензивниот семинар што ќе се оддржи на 21 и 22 март во Brainster Space.
Првото интервју е со Иван Дургутовски – доцент професор на факултетот за графички дизајн на ЕУРМ. Предава фотографија, мултимедиа и дизајн на печатени медиуми. Она по кое ние искрено го сакаме е неговата храброст, искреност и доза на сатира.
Иван е неконвенционален storyteller во вистинска смисла на зборот.
Едно од поомилените нешта кое сме го прочитале во последно време е нешто што изјави во едно интервју за уметноста
„Во денешниот свет на уметност, сè има рок на траење. Така да, нема потреба да посакам нешто да снема. Тоа што треба да остане – ќе остане. Секој со своето и секој за себе. Природна селекција.“
Прочитајте што тој имаше да ни каже околу Storytelling, темата на претстојниот Deep Dive into Marketing.
Што е за тебе „Storyteller“?
Човек кој своите вредности ги базира на искуствено учење и истите умешно ги пренесува на другите со цел да им помогне да изградат свој индивидуален пат во тоа што го работат и живеат. Кога вистински го правиме она кое нè исполнува, тогаш ги исполнуваме и другите.
На што те научи Storytelling-oт?
Да не зборувам премногу, а да кажувам повеќе.
Како сметаш дека маркетингот ќе се менува оваа декада, или што сметаш дека иднината ќе донесе за маркетингот?
Маркетингот ќе ја промени декадата. Декадата ќе го промени маркетингот. И двете ќе нè променат нас.
Што е твојата ‘raison d’être?’
Постојам за да се запознаеме еден ден. Јас и ти.
Како ги одбираш своите проекти?
Пребилив сум, со веќе изграден став и знам на што точно сакам да работам и каде би дал 100% од себе, ама често и самите проекти ме избираат мене.
Кое е твоето омилено дело (your creation)?
Тоа со најмалку „полево-подесно“.
Дали имаш некои професионални каења?
Искрено не, но сум можел да бидам похрабар во одредени сегменти.
Дали остана нешто да достигнеш плус?
Уф…
Дали професионалните триумфи може да се споредат со оние во твојот приватен живот?
Апсолутно. Кариерата не подразбира само успех на професионален план, тие работи одат заедно и непрекинато се надополнуваат.
Која е онаа ЕДНА вредност која сакаш да ја оставиш како твој печат на денешното општество?
Индивидуалност.
Што може да очекуваат посетителите на DEEP DIVE into MARKETING 01 семинарот?
Да слушнат многу искрено споделени искуства и приказни и истите да им послужат да изградат свои лично исковани приказни.
Early bird картите се достапни тука