Во овој сериал на текстови ги претставуваме говорниците на Deep Dive into Marketing интензивниот семинар што ќе се оддржи на 21 и 22 март во Brainster Space.
За наш соговорник овој пат го имаме Горјан Јовановски, софтверски инженер и team lead во Booking.com
Комбинирајќи ги страста кон технологијата и заложбата за заштита на животната средина, тој ја создаде МојВоздух – АirCare, апликација што го прикажува степенот на воздушното загадување низ целата земја. Со ова, Горјан успеа во нашето општеството да наметне наратив на бескомпромисна борба против загадувањето и на секој граѓанин да му даде пристaп до важни информации за квалитетот на воздухот во реално време.
На Deep Dive into Marketing, тој подетално ќе говори за развојот на овој наратив. Неговото излагање е насловено „AirCare, 5 years of storytelling using data“.
Прочитајте што тој имаше да ни каже околу Storytelling, темата на претстојниот Deep Dive into Marketing.
Што е за тебе „Storyteller“?
Storyteller за мене е уметност на пренесување на знаење, но и емоции, искуства и лекции преку приказни. Кога се збори за приказни, веднаш помислуваме на тие од детството, и секако, нивното раскажување е исто уметност, но нам жиивотот ни е една голема приказна која секојдневно ја надополнуваме преку нашите патешествија. Тој што знае како ги издвои битните делови и да ги пренесе на јасен начин кон публиката, важи за вистински storyteller.
На што те научи Storytelling-oт?
Мислам дека главната лекција за мене беше да сфатам колку разновиден живот води секој околу мене, и колку нешта има да ги дознаам од нив. Во Амстердам, каде што живеам, тоа е посебно видливо, поради големиот микс на култури, потекла, јазици и националности. Секој го има доживено животот на поразличен начин и сечија приказна вреди да се чуе. Магијата лежи во начинот на раскажувањето.
Што е твојата ‘raison d’être?’
Верувам дека секој од нас може да има позитивен импакт на овој свет, од многу аспекти. Јас живеам за да го остварам тој импакт, но и за да ги мотивирам другите околу мене да го направат истото. Секој од нас може да биде супер херој, само трбеа да решиме дека од утре ќе сме тој лик.
Како ги одбираш своите проекти?
Имам два критериуми кога одбирам проекти: пасија и добар импакт. Сакам да работам на проекти за кој имам желба и пасија. Проекти за кои и програмирање до 3 часот наутро е уживање и станување во 7 часот за на состанок не е мака. Но сакам истите проекти да имаат позитивен импакт на корисниците и околината. Живееме во доба каде што иднината на планетата најмногу зависи од нас и нема да дозволам ништо да ме спречи да целам високо со моите проекти на еколошката страна.
Кое е твоето омилено дело (your creation)?
За мене моето бебе е, и секогаш ќе биде, МојВоздух – AirCare. Апликација која веќе 5 години ја работам, преку која научив многу од секој аспект на водење еден проект, до прераснување во профитабилен бизнис со интернационални клиенти и над 200.000 преземања од корисници. Уживам во фактот дека МојВоздух ги разбуди граѓаните на Балканот, но и дека ги размрда властите да почнат посериозно да се грижат за здравјето на нашата планета.
Дали остана нешто да достигнеш плус?
Уште милион и пол работи 🙂
Која е онаа ЕДНА вредност која сакаш да ја оставиш како твој печат на денешното општество?
Би сакал да им докажам на сите дека имаат време за да направат позитивна промена на општеството околку нив. Дека и покрај работата, социјалниот живот и обврските, има време за да се направи бар минимална промена на светот во кој живееме. Јас го правам тоа секој ден, со големи или мали постапки, а сепак не сум на никој начин над другите. Мојот ден трае исто 24 часа, и не поседувам натприродна моќ, туку само желба за да помогнам каде што можам со својот талент.
Што може да очекуваат посетителите на DEEP DIVE into MARKETING 01 семинарот?
Прекрасен настан полн со нови знаења, еурека-моменти, луди идеи, прекрасни алатки, и секако најбитното – нетворкинг со посетителите и говорниците. Се гледаме таму!
Early bird картите се достапни тука